29 Септември, 2024
0.2810

Има ли светот уште потреба од Светска Банка?

Објавено во: Анализа 23 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Секогаш ќе има потреба од институција како Светската банка . Но нема потреба од Светска банка со повеќе од 10 000 вработени. Претседателот Џим Јон Ким се обидува да ја реформира СБ и смета дека најсеопфатна цел на банката би требало да биде помошта од речиси 1 милијарда луѓе кои живеат со помалку од 1,25 долари на ден. Таа може да биде постигната преку дополнување, а не преку натпревар со приватниот сектор. Институцијата која се бори со сиромаштијата и нуди кредитирање на земјите во развој за изградба на патишта, училишта, брани и други јавни проекти, е надуена и бирократска. А тоа дури и не се најголемите нејзините проблеми. Банката се бори за јавна релевантност сега, но нејзините клиенти од тоа веќе немаат потреба. Растечката средна класа на земјите во развој го привлекува приватниот капитал со што се намалува потребата на овие земји да земаат средства од СБ. Повеќе од 1 трилиони долари годишно протекуваат од приватниот сектор и најголемите филантропи кон новите економии. За споредба - официјалната помош за развој изнесува 125 милијарди долари. Во 2013 година Светска банка одобри нови кредити во вредност од помалку од 35 милијарди долари. Во последниве месеци африканските земји издадоа државни обврзници за милијарди долари, за да финансираат јавни проекти. Кенија во јуни  успешно им продаде на меѓународните инвеститори еврообврзници во вредност од 1,5 мрлд. долари, а можеше да пласира барем 5 пати повеќе. Конкуренција на Светската банка е и Новата банка за развој, која минатата недела Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (Брикс) соопштија дека ќе ја создадат, а тоа е уште еден знак дека СБ веќе не се наоѓа во центарот на економското внимание. Почнувајќи од овој месец, Ким ја менува организацијата на СБ од досегашните шест географски региони на 14 глобални области за спроведување на стручно мислење.Покрај тоа Ким има намера да ги намали трошоците за 400 милиони долари, или 8% од буџетот, како и да редуцира 1.000 вработени во наредните години. Истовремено, тој го проширува фокусот на акција на банката во насока искоренување на екстремната сиромаштија и зголемување на приходите на најсиромашните 40% од населението во светот до 2030 година. Сепак за да се врати повторно значењето на СБ, институцијата ќе мора да стори повеќе отколку само да ја промени организациската структура. К.К.