19 Декември, 2025
0.0409

Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

Објавено во: Економија 16 Јули, 2025 07:41

Добивај вести на Viber

Трамп му даде на Путин ултиматум од 50 дена да ја запре војната во Украина и најави нови огромни царински увозни тарифи за сите кои тргуваат со Путин односно купуваат руски стоки. Истовремено за да биде оваа најава поверодостојна американскиот сенатор Линдзи Грахам подготви и предложи предлог закон со кој Трамп ќе има дискрециско право на царини до 500%. Финансиските аналитичари на ВолСтрит се нервозни и молат за решение во последен момент затоа што се плашат од нова глобална трговска војна. Прашањето е дали супер – царинскиот топ што го најавува Трамп може да ја запре војната што не успеаја да ја запрат илјадници американски проектили?

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заостри реториката кон Русија и најави нова мерка за која кажа дека ќе донесе мир за Украина. Станува збор за секундарни тарифи кои всушност се нови казнени царини за сите држави кои ќе продолжат да тргуваат со Русија. Аналитичарите прогнозираат дека со таа нова мерка Трамп ќе ги зголеми цените на увозните производи на половина држави на планетата, кои сега тргуваат директно со Русија од која купуваат енергенси, руди, продукти, технологија и секако оружје.

Сепак Трамп му даде на Владимир Путин 50 дена пред воведувањето нови санкции кои сега ќе бидат директно на товар на сите држави кои тргуваат со Русија, а кои истовремено увезуваат стоки во САД.

При тоа Трамп како форма на притисок врз Путин најави дека ќе праќа за Украина нови сетови безбедносни системи „Патриот“ кои важат за едни од најсовремените во светот. САД и досега во повеќе наврати праќаше такви безбедносни системи на Украина, но и покрај тоа војната ескалираше, а Русија де факто ја зголеми украинската територија под нејзинот влијание. „Партиотите“ де факто не успеаја да ја сопрат агресијата на руската армија. До Трамп на прес конференцијата беше и актуелниот генерален секретар на НАТО, Руте кој отворено заговара ескалација на воените дејствија и не се либи да каже дека евроските држави треба да бидат агресивни со цел да се одбранат од руската агресија.

За да добие реална слика за намерите на Трамп со најавата на секундарните тарифи многу е важно да се знае дека во парламентарна процедура во САД е предлог закон предложен од американскиот сенатор Линдси Грахам со кој, доколку биде усвоен, му се даде на претседателот Трамп да може со дискрециско право да потпишува царински тарифи до 500% за увоз на стоки од држави со кои Русија соработува. Доколку помине тој закон глобалната игра во меѓународната трговија ќе стане многу груба. Но никој не може да знае дали ќе ги даде резултатите што Трамп ги посакува.

Финансиските аналитичари кои се независни од влијанието на Трамп предупредуваат дека ова што Трамп го прави сега ќе даде контраефект за американската економија затоа што ќе ги засили трендовите на дедоларизација во меѓународната трговија особено во купопродажбата на руски енергенси. Финансиски аналитичари ширум светот последниот потег на Трамп веднаш го оценија и како форма на притисок врз економската конфедерација БРИКС во која членуваат големи светски држави кои гласно и јасно кажуваат за работи за кои не се согласуваат со САД и нивната позиција на светски хегемон.

И аналитичари од ВолСтит контра политиката на Трамп. Тие не само што не се воодушевуваат од воената реторика на Трамп туку и јасно кажуваат дека се против затоа што оваа политика може да направи глобална рецесија затоа што безмерните царински мерки ќе повлечат стотици милијарди кинески долари од економијата на САД. Финансиски аналитичари на „Голдман Сакс“ дипломатски изјавија дека веруваат во решение до последен момент со што ќе се избегне идна непредвидливост. Затоа што меѓународните пазари не се подготвени на големи скокови на цените на челикот, вештачкото ѓубре, чип компонентите, а ниту американските фармери можат да ги преживеат претстојните трговски војни затоа што се директно изложени преку извозот на храна на контра-тарифите кои големите светски држави би ги вовеле на увозот на храна од САД.

И на крај се поставува прашањето може ли новото супер оружја на Трамп односно царинскиот мега – топ да ги замени стотиците проектили кои не успеаја да ја запрат војната во Украина?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии