29 Септември, 2024
0.0294

ИМА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ: Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции со ковид

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во втората недела од декември, односно од 6 до 12 декември, според извештајот на Институтот за јавно здравхе, тестирани се вкупно 17.997 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 330,4/100.000 (Табела 1, Картограм 1). Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, период 06-12.12.2021, Р.С Македонија Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=504, 24,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=91; 4,4%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол. Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, со намалување од 35% во однос на претходната недела. Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, со намалување од 2,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (26). Во однос на возраста, најголем број (n=58; 87,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1),се наведува во изваштајот на ИЈЗ.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“