ИМА НЕВРАБОТЕНИ ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ, ПРОФЕСОРИ: Што се бара и што се нуди на пазарот на труд?
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021 07:33
Меѓу невработените луѓе во земјава има правници, економисти, професори. Матурантите од гимназија се најбројни од невработените со завршено средно образование, велат од Агенцијата за вработување, а на пазарот на труд, според објавните огласи од работодавачите се бараат работници од различни профили. За некои од работните позиции е потребно високо, а за некои само завршено средно образование.
Од ден на ден бројот на слободни работни места се менува, но во земјата има по неколку илјади работни места кои треба да се пополнат.
„Согласно податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во евиденција на невработени лица според степенот на образование, евидентирани се невработени лица од различни профили меѓу кои: дипломиран правник, дипломиран економист, професор по одделенска настава на македонски јазик, професор по одделенска настава на албански јазик, дипломиран социјален работник, дипломиран психолог. Матурантите од гимназија се најбројни од невработените со завршено средно образование, потоа следат економски техничар, машински техничар, конфекциски техничар, прехранбен техничар, продавачите се најбројни од невработените лица со непотполно средно образование, бравар, машино бравар, конфекционер, автомеханичар и други. На веб страната на Агенцијата за вработување постојано се ажурираат податоците за огласените потреби за работници од страна на работодавачите, односно податоците за слободни работни места. На дневна основа во просек се активни помеѓу 6.000 и 7.000 слободни работни места и тој број постојано се менува“, објаснуваат од Агенцијата за вработување.
Работодавачите огласиле слободни работни места за програмери, сметководители, економисти, комерцијалисти, администратори, продавачи, шивачи, келнери, возачи, кројачи, армирачки работници, градежници, општи работници и други профили.
Зоран Попчески кој долги години посредувал при вработување вели дека во земјава кадри за пазарот на труд се создаваат стихијно.
„За некои профили има хиперодукција, а за други фалат кадри. Има голема конкуренција, но квалитетот е веќе друга приказна“, вели тој.
Смета дека државата треба да го организира образованието, и да се прават суштински реформи со цел да се продуцираат кадри какви што се потребни на пазарот на труд и тие да бидат квалитетни. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка пораснала на 156.432 лица.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




