16 Декември, 2025
0.0393

Има план за прекин на војната во Украина, пишува Фајненшл Тајмс

Објавено во: Свет 16 Март, 2022 19:01

Добивај вести на Viber

Русија и Украина направија план за прекин на огнот, кој содржи 15 точки, пишува Фајненшл Тајмс.

Според пишувањето на весникот, планот вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили. Ова го кажале лицата кои се вклучени во преговорите.

Предложениот договор, за кој првпат разговараа украинските и руските преговарачи во понеделникот, ќе значи дека Киев ќе се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ќе вети дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје во замена за заштита од сојузниците, како што се САД, Велика Британија и Турција.

„Прерано е да се откриваат какви било договори меѓу Русија и Украина“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги информациите дека се подготвува план за решавање на ситуацијата во Украина.

Михаил Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави за Фајненшл тајмс дека секој договор ќе вклучува „руските трупи во секој случај да ја напуштат територијата на Украина“ заробена од почетокот на инвазијата на 24 февруари – односно јужните региони долж Азовското и Црното Море, како и територијата источно и северно од Киев. 

foto: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете