ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии
Објавено во: Свет 25 Април, 2025 22:12
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја би била подготвена да разговара за територијални отстапки како дел од мировните преговори.
Тој рече дека Украина ќе биде подготвена „да разговара за територијални прашања, но само со целосен и безусловен прекин на огнот“.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè. Она што го кажува претседателот Трамп е точно и се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот полуостров“, рече тој.
Претходно, официјални лица во Киев ја отфрлија можноста за територијални отстапки во замена за мир со Русија.
Доналд Трамп во интервју за списанието „Тајм“, објавено денес, изјави дека „Крим ќе остане руски“, но украинскиот претседател потоа повтори дека Крим ѝ припаѓа на Украина. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години. Украина не сака да отстапува територија на Русија.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од својата територија како дел од мировниот договор со Русија.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




