Добивај вести на Viber
Агенцијата за државни патишта нарача Физибилити студија за делницата Тетово-Призрен. За околу 45.700 евра компанијата за инженеринг и консалтинг Чакар-Партнерс ДОО Скопје ќе дава архитектонски, инженерски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето.
Во рамките на оваа Физибилити студија Агенцијата за државни патишта очекува да добие и поврзани научни и технички советодавни услуги како и технички испитувања и анализа за реализација на проектот. Фирмата има на располагање 6 месеци да ја изработи Физибилити студијата.
Агенцијата првично спровела тендер и добила две понуди од 41.300 евра и 38.700 евра, но не биле прифатливи. Па ја избрала понудата на Чакар-Партнерс од Скопје, многу поскапа од две добиени понуди.