ИМА СИЛЕН МОТИВ: Од Истанбул до Ерусалим ќе оди пеш
Објавено во: Свет 26 Декември, 2017
Нуретин Коч (35) е Турчин кој одлучи да оди пеш од Истанбул до Ерусалим во знак на протест поради одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
Тој на 17 декември го почнал патувањето и досега успеал да стигне до градот Болу, кој се наоѓа на 262 километри од Истанбул.
„Во Ерусалим со години има насилство. Секој треба да направи нешто за Ерусалим. Јас како муслиман, како човек, се запрашав што би можел да направам и одлучив да тргнам на пат“- рече Коч.
Коч очекува за пет до шест дена да стигне до Анкара, од каде ќе продолжи кон Хатај.
Турчинот верува дека за два месеци ќе биде во Ерусалим.
„Време е Ерусалим да биде признат за главен град на Израел“- изјави Трамп на почетокот на месецов.
По оваа негова изјава имаше нереди во Појасот Газа, но и ранети лица.
Беа организирани протести, а револтираните Палестинци фрлаа камења на полицијата.