27 Јули, 2024
0.0408

ИМААТ ДОБРА КОНДИЦИЈА И ЕНТУЗИЈАЗАМ: Луѓе пред пензија заминуваат на сезонска работа во Хрватска

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Луѓе во поодминати години одат на сезонска работа во Хрватска. Станува збор за луѓе кои се пред пензија, ги има и мажи и жени, кои се во добра кондиција, сакаат да работат и преку лето одат во Хрватска.

Милан Џинлев од агенцијата Приорити солуции за вработување од Скопје објаснува дека иако најголем дел од кандидатите се на возраст од 22 до 54 години, сепак има и луѓе кои се на возраст од 58 и 60 години и одат на сезонска работа во Хрватска. Тој вели дека на овие луѓе треба и им се дава  шанса, затоа што сакаат да работат.

„Тоа се најчесто сопружници, или група пријатели кои одат на сезонска работа во Хрватска, потоа се враќаат овде, си ги трошат заработените пари и потоа идната година пак одат. Ги има и мажи и жени. Додека ги исполнуваат условите, односно имаат искуство за работната позиција за која бараме кандидати, тоа е потребно за да можеме да ги доведеме до интервју, треба да им се даде шанса без разлика на годините. Обично се вработуваат во Хрватска како собарки или помошници во кујна. Тие се ентузијасти и се во добра кондиција, така што можат да работат. Се пријавуваат луѓе од сите градови. Воедно, таму ќе сретнат луѓе на свои години, ќе прошетаат и тоа е добро за нив. Добро е да слушнеме за такви позитивни примери“, вели Џинлев.

Многу луѓе во својство на посредници регрутираат работници. Тие наведуваат дека вештините на работникот се најважни.

„Јас барам пекари за работа во Макарска. Поврзан сум со газда од таму и обично се јавуваат луѓе на возраст од 35, 40,  50 или најмногу 55 години за работа. Ако е повозрасно лицето треба да се види дали ќе одговара за она што се бара“, вели посредник.

Секоја година илјадници Македонци заминуваат на работа во странство. Хрватска е една од омилените дестинации за нашинците поради близината, јазикот, висината на платите. И Хрватска има потреба од голема број сезонци поради одливoт на хрватското население во побогатите земји од Европската Унија(ЕУ). Според пишувањата на медиумите во Хрватска и регионот, од година во година расте и бројот на хрватски пензионери кои домашниот буџет го потполнуваат со тоа што работат со половина работно време. Лани во мај скоро 29.000 пензионери работеле со половина работно време.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми