28 Септември, 2024
0.0267

Имаат ли моќ банките да се справат со нова криза?

Објавено во: Анализа 02 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Финансискиот регулатор на Европската унија ги наведе економските и финансиски шокови на кои доверителите од еврозоната треба да одговорат за да поминат низ овогодинешните стрес тестови пишува MarketWatch. Според негативно сценарио на eвропскиот банкарски орган економијата на ЕУ ќе западне во рецесија за две години, која ќе се намали со 0,7% во оваа и 1,5% следната година и а ќе се зголеми незабележително во 2016 година. Песимистичкото сценарио предвидува и колапс на цените на куќите и акциите, како и раст на каматата на владините и корпоративните долгови. Од мај 124 водечки банки од ЕУ ќе ги започнат тестирањата за тоа дали би се справиле со нова криза. За да го положат тестот, банките треба да располагаат со капитал од прв ред, еквивалентен на 5,5% од ризичниот број на средства. Резултатите од стрес тестовите ќе излезат во октомври, точно пред Европската централна банка (ЕЦБ) да преземе надзорот над големите банки од еврозоната. Европските власти спроведоа неколку стрес тестотови, резултатите од кои сепак беа компромитирани, бидејќи наскоро по нив се покажа дека многу банки имаат потреба од дополнителен капитал. Брисел сепак ветува дека овој тест ќе биде исклучително ригорозeн, за да се фатат слабостите со кои доверителите не се справиле досега, бидејќи се оди кон создавање на банкарски унија. ЕЦБ врши притисок врз банките и владите да бидат подобро подготвени за евентуален недостиг на капитал. Ќе се проверува и дали европските банки би се справиле со поширока глобална криза, која би одзела 7 отсто од очекуваниот бруто домашен производ (БДП) на позадината на нагло стегање на економиите на водечките трговски партнери на ЕУ - Русија, САД и Кина, и на пазарите во развој, како и на нагло поевтинување на нивните валути. Банките ќе мора да подготват и сценарио за пад на пазарите на акции. Финансискиот регулатор направи и една клучна промена - банките ќе треба да ги проценат можностите за опстанок, ако треба да прифатат загуби од инвестиции во државни обврзници. Првично регулаторот предвидуваше да се тестира реакцијата при отпишувањето на обврзниците по пазарна вредност. И покрај сите промени во методологијата на стрес тестовите, многу аналитичари стравуваат дека проверката е премногу фокусирана на причините за појавата на претходни ризици, а не врз можностите и подготовките за идни кризи. Сценаријата на пример не ја вклучуваат веројатноста од прекинот на испораките на гас за Европа од Русија или влијанието на евентуални пошироки санкции за Москва поради кризата во Украина. Во стрес тестовите не се рефлектира и очекувањато за дефлација во Европа. К.К.