29 Септември, 2024
0.0259

Имаат ли време за одмор луѓето кои издаваат вили, апартмани, соби во туристичките центри?

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани кои издаваат вили, апартмани, соби за туристи велат дека за нив летото е работно и тешко наоѓаат време за да заминат на одмор.

Оние кои сепак сакаат да уживаат на плажа, користат одмор пред сезоната или во септември.

„На одмор одам во јуни или септември, а сега има заинтересираност од туристите и мора да сме тука и да сме достапни“, вели Христина од Охрид кој издава студио.

За повеќето од нив е неисплатливо да најдат лице на кое ќе ги остават просториите за издавање, затоа што како што објаснуваат, не заработуваат многу и најдобро е кога самите се грижат сè да помине во најдобар ред.

„Немам време за одмор сега. Преку летото работиме. Сезоната е кратка во Струга, трае месец и половина, од 20-25 јули до крајот на август и толку. Јас сум во поодминати години, имам обврски со семејството, со реновирања, со гостите, чистење, така што на одмор одам во септември во Грција или Албанија. Сега сум оптоварена со обврски. За да оставам друго лице да ми чисти, да го одржува просторот, треба да му дадам плата, а ние не заработуваме толку многу за да можеме тоа да си го дозволиме. Тоа може да биде изводливо доколку некој има 10 апартмани, но да има и доволен број гости, инаку нема шанси. Најдобро е кога сами си водиме евиденција за доаѓање и испраќање на гостите“, раскажува повозрасна стружанка.

Славица Цветковска која издава соби во Дојран вели дека е тешко во текот на летото да најдат време да заминат на одмор, затоа што имаат работа околу туристите. Ударно е во периодот кога во Дојран се одржува Д фестивал и во август, а тој период  е краток, но и не одговара да ангажираат друго лице да чисти, да ги пречекува гостите и да се грижи за просторот кој се издава.

„Нема време за одмор, летото е работно. Едно лето не најдов време да отидам на плажа да се избањам. Тој што издава соби мора да биде тука, да си води евиденција, која соба е издадена, која е празна, а има и случаи кога туристите ќе закажат, па нема да дојдат. За да ангажирате некој да ви чисти, треба да платите, така што не е изводливо да одите на одмор додека трае сезоната“, рече Цветковска.

Румена Георгиевска која издава сместување во Преспа, објаснува дека многу е тешко некој преку лето да оди на одмор, затоа што имаат работа.

„Персоналот е скап, секој гледа да заштеди и сам да си сработи, така што на одмор не одиме“, рече Георгиевска.

За разлика од езерските места, во планинските гратчиња преку лето нема толкав наплив на посетители.

Може да се најде време за одмор. Јас си планирам однапред, кога немаме закажани туристи или ако имам луѓе кои ќе престојуваат подолго, закупено е на пример за еден месец, тие си остануваат, а јас во тој период одам на одмор. Имаме луѓе кои се тука и се грижат ако нешто им треба. Си планирам неколку месеци порано кога ќе одиме на одмор. Но, во летните туристички центри сигурно е поинаку“, вели беровчанка.

Даница Кондоска од Крушево, објаснува дека таа преку лето оди на одмор. Издавањето соби за неа е дополнителна дејност, но луѓето кои живеат само од тоа, не можат да си дозволат да бидат отсутни во период кога има гости.

„Јас одам на работа, издавам кат од куќа, но наоѓам време за одмор. Во август ќе заминам на одмор. Оние кои издаваат повеќе простории, апартмани, евентуално тие можат да ангажираат некој додека се отсутни, но за другите тоа не се исплати“, додава Кондоска.

Деновиве ќе имаме високи температури и над 40 степени, а граѓаните спас од горештините бараат покрај македонските езера или на море во соседството. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/svetlanasokolova

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“