29 Септември, 2024
0.0227

Имало иднина и за весниците

Објавено во: Анализа 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Холандскиот старт-ап Blendle кој има 200 00 корисници во регионот, промовира платформа која им овозможува правење на микроплаќања за индивидуални статии во весници и списанија. Системот ја заменува досегашната практика да се бара регистрација на сајтот и месечна претплата. Сега сепак работите стануваат многу поинтересни, пишува BusinessInsider.

The New York Times (кој исто така е инвеститор во Blendle), The Wall Street Journal и The Washington Post се запишале како учесници во платформата.

Ова се сериозни вести. До овој момент само холандски изданија можеа да се зачленат во Blendle. Компанијата успеа да ги убеди практично сите големи издавачи на весници и списанија во Холандија да се вклучат. Досега шансите за експанзија беа ограничени, бидејќи содржината беше ограничена само на холандски јазик.

Основачот на Blendle Александар Клопинг тврди дека "За нас е голема чест, што три од најважните весници во светот ќе започнат работа со нас".

На почетокот на оваа недела на конференцијата Digital Media Strategies во Лондон, Клопинг навести дека Blendle бара начин да се прошири во Франција или Германија. Новите партнери на Blendle потврдуваат дека платформата ќе се проширува на меѓународниот пазар оваа година.

Еве како тоа функционира платформата: корисниците се регистрираат на Blendle и ги внесуваат податоците на кредитна или дебитна картичка само еднаш, во почетокот на регистрацијата. Потоа тие си создаваат полес со вести со приказни за темите што ги интересираат. Кога че го кликнат насловот на апликацијата / веб-сајтот зема мала сума. И - најинтересниот дел од целата зделка - ако на читателите не им се допадне статијата, тие можат да си ги добијат инстант парите назад.

Просечната цената на статија е 20 центи, за регистрираните на Blendle. Цената на статијата се утврдува од страна на издавачот. Blendle не дал детали како ќе се дели профитот.

К.К.