19 Декември, 2025
0.0455

Имало ли сепак пропусти: Стечајот на ТЕ-ТО стаса во ОЈО за организиран криминал

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2019 06:55

Добивај вести на Viber

Сите докази, изјави и наоди во предметот за стечајот на гасната централа ТЕ-ТО кој го оформи Основното јавно обвинителство сега ги разгледува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, дознава Фактор. Истражната постапка е при крај по што оттаму ќе излезат со детали за случајот.

Станува збор за предмет кој беше отворен откако до Основното јавно обвинителство кривични пријави поднесе домашната компанија Топлификација АД од каде тврдат дека има незаконско постапување во носењето на одлуките за стечај. Обвинувањата беа дека во целиот случај вмешани се и адвокати, нотари, извршители и сопственикот на ТЕ-ТО, компанијата Битар холдингс. Се тврди дека процесот е воден незаконски со пропусти и дека има сомнежи за лажирани финансиски извештаи.

Овој предмет обвинителството го оформи уште во јуни лани, а во истовреме свои докази имаше и Управата за финансиска полиција. Сега неофицијално, документацијата е во обвинителството за организиран криминал и корупција, кој ќе гоима конечниот збор за обвинувањата. Не само за лажираните извештаи туку и за тврдењата од Топлификација АД според кои во планот за реорганизација на ТЕ-ТО е наведено дека од 2013 до 2017 година компанијата била условена да купува гас преку офшор фирма и да продава електрична енергија на домашна фирма која морала да ја продаде надвор од државата на дефинирана фирма. Според нив, ова е непазарно купување суровини и непазарно продавање што е школски пример за перење пари.

Топлификација е еден од најголемите доверители во ТЕ-ТО а со планот за реорганизација кој беше прифатен по стечајот, на ова друштво му се брише  90 отсто од побарувањето од 30 милиони евра. За тоа реагираат и акционери кои тврдат дека се оштетени од овој план.

Најголеми доверители во гасната централа беа Топлификација, Комерцијална банка, турската компанија Гама гуч, на кои пред стечајот ТЕ-ТО им должел над 40 милиони евра. Вкупниот долг кон таканаречените необезбедени доверители надминуваше 150 милиони евра, а меѓу нив има и други компании па и државни институции. На сите нив ТЕ-ТО треба да им врати само 10 отсто од сумата која им ја должи и тоа во два наврати.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар