18 Декември, 2025
0.0864

ИМАМЕ ЛИ ДОВОЛНО ХРАНА АКО ИЗБИЕ ВОЈНА - и нашите министерства се спремаат за набавка на количини, Вучиќ јасно кажа што купува

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2022 22:06

Добивај вести на Viber

Надлежните министерства деновиве се консултирале за набавка на дополнителни прехранбени производи за земјава со кои би се надополниле стоковите резерви, а што би се направило со цел нашата држава да биде побезбедна во снабдувањето со храна во случај да ескалираат состојбите на релација Русија - Украина. 

Ова е одговорот кој Фактор го доби од Министерството за финансии, под чија капа е Дирекцијта за стокови резерви, која е надлежна за управување со потребните количина храна за земјава кои се чуваат за „црни денови“.

За разлика од нашите власти кои не образложуваат конкретно и прецизно што прават на планот на обезбедување на потребни резерви со храна доколку дојде до избувнување на војна од која стравува целиот свет, српскиот претседател Александар Вучиќ тоа го кажа многу прецизно за тамошните медиуми.

Тој рече дека властите во таа земја нарачале 30 милиони килограми сол, еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво се уште се необезбедени.

Фактот праша во Министерството за финансии дали нашата Влада подготвува резерви во прехранбени и други неопходни продукти, со цел да обезбедиме доволно количини доколку избие воен конфликт меѓу Русија и Украина, по примерот на соседна Србија, односно претседателот Александар Вучиќ, кој веќе има нарачано милиони килограми сол, брашно, млеко во прав и сличнни производи. Се интересиравме и дали МФ може да ни даде детали дали и какви нарачки се прават, која количина, кои производи, по кои цени и кога би пристигнале во земјава.

Од МФ со одговор кој би можел да се парафразира дека не би требало како јавност да се грижиме, но не даваат премногу прецизни детали. Велат и дека се прават консултации за надополнување на резервите, а за тоа имало и доволно буџетски средства за оваа година.

„Стоковите резерви располагаат со доволни количини на прехранбени стоки, a дополнително и на страната на понудата на пченицата како стратешки производ нема ограничување.

Надлежните министерства во моментов вршат консултации за набавка на дополнителни количини на стоки во стоковните резерви.

Во буџетот за 2022 година повторно се предвидени средства за набавка на дополнителни количини на стоки за дополнување на стоковните резерви, покрај средствата кои се предвидени од сметката за самофинасирачки активности на Агенцијата за стоковни резерви“, се вели во одговорот што го добивме од Министерството за финансии.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа