Имаме поголем раст на платите од некои европски земји, а уште сме најсиромашни
Објавено во: Економија 05 Април, 2019 07:09
За 20 проценти пораснала просечната плата во земјава во последните десет години. Растот не е занемарлив, а ако се споредува со некои од европските земји дури е и импресивен. Сепак, тој показател не е единствен кога се анализира економската слика во земјите. Во соседна Бугарија на пример, платите за последните десет години (од 2009 до 2018 година) пораснале за неверојатни 87 проценти, ама оваа земја е една од најсиромашните во Европската Унија. Фактор го анализира растот на платите по земји, а неодамна свое истражуавње објави Европскиот синдикален институт.
Според податоци од македонскиот Државен завод за статистика, реалниот раст на платите од јануари 2010 година до јануари 2019 е 20 отсто. Или ако во првиот месец од 2009 година просечната нето плата изнесува 20.330 денари, во јануари годинава беше 24.517 денари. Во меѓувреме порасна и минималната плата која беше воведена токму во овој период. Раст на БДП со раст на платите е една од политиките на која се потпира актуелната Влада. Едно од ветувањата беше дека секој граѓанин во земјава ќе има плата од 500 евра (над 30.000 денари).
Еве го растот на просечната плата по години:
2010 година - 20.330 денари
2011 година - 21.029 денари
2014 година - 21327 денари
2016 година - 22.254 денари
2018 година - 24.025 денари
2019 година - 24.517 денари
Според податоците на Европскиот синдикален институт, Бугарија е лидер во растот на просечната плата со раст од 87 отсто за периодот по кризата. Во Романија платите пораснале за 34 отсто. Следат Полска - 30 проценти, Латвија - 21 отсто, Литванија, Словенија и Естонија - со 20 отсто и Чешка - 17 отсто. Десет земји доживеале пад на реалните просечни плати - Грција - 23 отсто, Хрватска - пад од 11 отсто, Кипар 7 отсто. Во Португалија, Шпанија и Италија платите паднале за еден или два проценти додека во Белгија и Финска стагнираат.
Сепак и покрај растот, Макеоднија има една од најниските плати во регионот и во ЕУ, низок БДП по глава на жител, а сиромаштијата е над 20 отсто.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




