19 Декември, 2025
0.1347

ИМАШЕ ТРАГИ НА НАСИЛСТВОТО, не верував дека се од вработените - ќерката на истепаната жена од медицински сестри во дом за стари лица

Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2022 11:08

Добивај вести на Viber

Косовската полиција уапси четири лица осомничени за физичко насилство врз постара жена и им е одреден 48 часа притвор. Ќерката на повозрасната жена која била физички малтретирана во дом за стари лица во Пеќ, во емотивна изјава изјавила дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка.

Жанета Нура сподели детали од нејзиното искуство со вработените во домот за медиумите, велејќи дека таа ја посетувала еднаш или двапати неделно. Таа посочила дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од работниците во Домот.

- Ја посетував еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом може да дојде од работник. Автоматски ја повлеков мајка ми надвор од таму, а сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа и се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите - рече таа.

- Да се ​​употреби сила врз седумдесетгодишна жена... Три сестри, едната ја држеше за раце, а другите и се смееја - тоа е крај на светот. Многу сум потресена - продолжува Нура, и дополнува дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да се задоволи правдата.

За косовските медиуми се огласил дури и таткото на медицинската сестра која физички нападна постара жена во Пеќ, Наим Пељај кој јавно се извини за постапката на неговата ќерка. Тој јавно му се извини и на семејството на Нура од Ѓаковица, велејќи дека објавените видеа длабоко го погодиле него, но и неговото семејство.

- Почитувано семејство и мајка на борецот за слобода, Тауланта Нура, благодарение на чија пролеана крв, денес уживаме во слободата. Ја споделуваме вашата болка и сочувствуваме со вас во болката што ви ја предизвика нашата ќерка. Знам дека поминувате низ тешки времиња, но дозволете ни јавно да се извиниме во име на моето семејство Пељај, од Нови Село кај Пеќ, на вас, на семејството Нур и на целиот албански народ - кажал Пељај за медиумите. 

Косовската полиција соопшти дека уапсила четири лица вработени во дом за стари лица во Пеќ поради сомнение дека извршиле физичко насилство врз постара жена која е жител на овој дом, соопшти КП веднаш по снимката на која се гледа како работнички удираат шлаканици на постара жена на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се прошири видеото со опис дека се работи за старица од српска националност која добива шамари од медицински сестри во здравствена установа во Пеќ.

Овој напад се случил во домот за стари лица „Оренда во Пеќ“, а како што изјави за „Клан Косова“ портпаролот на полицијата за Пеќ, Фадиљ Гаши, снимката датира од 29 октомври.

Во овој случај беа инволвирани двајца обвинители од Основното обвинителство во Пеќ, а еден од нив Доријан Јуник изјави дека двете лица се А.П и А.Р. се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело „Напад“ и учество во кривично дело „Извршување на кривично дело напад“, пренесе Газета Експрес.

Јуник синоќа соопшти дека обвинителството има сознанија дека во Центарот за стари лица во Пеќ, покрај пријавените, може да има и други случаи на насилство врз други постари лица и дека се ќе се провери со истрагата.

Во меѓувреме, соопштено е дека четири медицински сестри биле суспендирани од работа,а потоа и уапсени. Само еден од нив засега е осомничен дека го извршил насилството, а другите тројца затоа што случајот не го пријавиле кај надлежните иако биле на смена со сестрата која и удрила шамар на жената.

Како што пишува Телеграфи, една од овие медицински сестри со иницијали А.П., на полицијата и рекла дека се брани, а била уапсена заедно со уште три лица, пишува Косово онлајн.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен