18 Мај, 2024
0.0377

Имате испукани пети? Пробајте некое од овие решенија!

Објавено во: Стил 14 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Испуканите петици и темните стапала  се честа појава за време на летните месеци, а чевлите кои ги носиме  често ги предизвикуваат овие проблеми. Освен  козметичките производи наменети за  хидратација на стапалата, постојат и ефикасни третмани кои ги имате во вашата кујна или бањата.

1. ПЕНА ЗА БРИЧЕЊЕ

Нанесете поголема количина на пена за бричење на стапалата. Во садот измешајте еднакво количество на вода за испирање на устата и топла вода, па добро истопете ја крпата и оставете да стои околу половина час.

Со истата крпа лесно тријте ги стапалата, отстранувајќи ја пената. Тоа ќе ги отстрани сувите клетки, а стапалата ќе станат мазни и меки. На крајот нанесете крема за стапала за дополнителна хидратација.

2. РАСТИТЕЛНО ИЛИ МАСЛИНОВО МАСЛО

Ова е уште една многу ефикасна метода, а се што ви е потребно е малку маслиново, растително или кокосово масло. Со вашите прсти нанесете од маслото на стапалата и добро измасирајте ги, лесно триејќи ги проблематичните места.

Правете го пред спиење и откако ќе го втриете маслото навлечете чисти памучни чорапи и оставете ги така во текот на ноќта. Наутро кога ќе се разбудите вашите стапала ќе бидат меки и хидрирани, а испуканата кожа ќе изчезне. Оваа метода можете да ја користите неколку пати неделно, доколку стапалата ви се многу суви, а петите испукани.

3. ВАЗЕЛИН

Вазелинот е уште едно одлично средство против испукани стапала. Само  нанесете го на целите стапала и облечете чисти памучни чорапи за спиење. Доколку тоа го правите во текот на денот оставете ги чорапите се додека стапалата не ви станат мазни и меки.

4. СОЛЕНА КУПКА

Топлата солена купка е одличен рецепт за испукани пети.

Во топла вода додадете грст сол, добро измешајте и оставете ги стапалата  да стојат околу 15 минути. Потоа добро исушете ги стапалата и нанесете дебел слој крема или вазелин, па облечете чисти памучни чорапи. После неколку часа стапалата ќе ја впијат кремата, а резултатот ќе биде- убави негувани стапала.