12 Мај, 2024
0.2825

Имате силна болка во нозете? – Пробајте го ова

Објавено во: Стил 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Дами и господа болките во нозете се една непријатна болка , која е присутна во секојдневниот живот и е предизвикана од различни фактори.

Кај дамите оваа болка во нозете најчесто се појавува од секојдневното носење на високи потпетици. Кај мажите таа доаѓа повторно од носењето на неудобните чевли. Болката во нозете може да е последица на прекумерна тежина, бидејќи тогаш гравитацијата, која тие треба да ја преземат е премногу голема. Целата оваа болка може да е последица и на болест, а како најчести се артритис и болки во зглобовите.

Кога таа болка е секојдневна препорачуваме да преземете мерки за да ја запрете, со користење на специјални табани за чевли. Но ова решение е само кога болката доаѓа од неудобните чевли. Освен тоа, се препорачува и масажа на стапалата и примена на ладни облоги, за да може болката да си замине.

Болката во нозете и стапалата може да биде запрена со незаменлива помош на народната медицина и тоа со еден зеленчук, имено компири. Со нив треба да правите масажа на погодените места.

Еве и како да се спасите пд болката во нозете за 8 дена со компир.

Земете 3-4 средни компири и измијте ги добро под млаз вода, бидејќи ќе ги рендате на ренде заедно со кората. Земете малку од ренданите компири и ставете во газа. Ставете на стапалата и одозгора ставете ќеса. Конечно обујте чорапи. Со овој третман можете да ја поминете ноќта и да го отстраните наутро, а потоа измијте ги нозете. Применувајте го овој третман со компир 8 дена и ќе забележите дека уште првите денови болката ќе се намали и конечно ќе се смири целосно.

Другиот рецепт се подготвува со 2 состојки, мед и сол. Медот е познат по своите лековити својства и нема потреба да ве убедуваме да го користите. Солта исто си има своја лековита моќ. Третманот со сол и мед продолжува 10 дена. Во мала чинија измешајте еднакви количини од медот и солта, мешајќи убаво, за добро да омекнат состојките. Добиваме маст, кој ќе ја нанесувате на погодените места а на врвот поставувате газа.На крај обвиткајте со најлонска ќеса и објуте ги чорапите.