ИМАВ СРЕЌА ДА УЧАМ И СЕ УШТЕ УЧАМ ОД ЕДНА ЛЕГЕНДА КАКО ШТО Е ЛАЗАРОВ: Кузмановски вели дека му се остварил сонот
Објавено во: Македонија, Спорт 21 Јануари, 2025 10:30
Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, засега е лидер на листата на стрелците на Мундијалот. Досега постигна 31. голови на три натпревари. Еве што кажа тој ексклузивно за Фактор.
-Признанијата се секогаш добредојдени, оти само така знаеме дека сме на правиот пат и мотив така да продолжиме .Но, ова е колективен спорт и заслугите се и на тимот и на сите играчии за овие мои одлични натпревари. Тие се доказ дека има одлична хемија помеѓу сите нас- ни изјави Кузмановски кој открива дека капитенската улога за него е голема одговорност.
-Но,уживам и максимално се трудам и ќе се трудам да бидам најдобар пример на сите како на теренот така и надвор од него. Исто така таа за мене претставува и остварување на еден сон, кој го посакував од дете.
Имав среќа да учам и се уште учам од една легенда како што е нашиот селектор Кире Лазаров – вели Кузмановски.
Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Австрија во рамки од првото коло од главната фаза на Светското првенство 2025.
Натпреварот е на програмата од 15:30 часот.
С.А.Н
Фото: Ракометна Федерација на Македонија - Фејсбук официјална страница
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





