19 Декември, 2025
0.0630

Имер Селмани ќе создава домашен бренд на моторно масло

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2024 07:50

Добивај вести на Viber


Бизнисмененот Имер Селмани отвора бизнис со производство на моторно масло, а поранешниот кандидат за претседател на Македонија веќе го регистрираше брендот „Техно Оил“ со седиште во Сарај. Досега во Македонија имало неколку обиди за домашна продукција на моторно масло и мазиво, но генерално станува збор за непознати и неетаблирани производи.

Селмани со неговата компанија „Бис Оил“ досега го увезуваше и дистрибуираше брендот Castrol и Petrol Ofisi од Турција,   но вели проценил дека сега е време за еден домашен производ кој, како што рече за „Фактор“, ќе биде со средно ниска цена а со висок квалитет и достапен за широките народни маси.

-„Техно Оил“ ќе биде домашен супербренд за моторни масла и мазива. Во тек се инвестиции во простор, опрема и обука на стручен кадар. До крајот на 2024 првите производи ќе се најдат во продажба. При тоа, постапката за производство ќе се води по највисоки светски стандарди според европската федерација на автомобилски произведувачи ACEA и американскиот петролеум институт API, открива Селмани, кој додава дека при тоа ќе се користат сите постапки и технологи против загадување на околината. 

Новата фабрика ќе биде енергетски ефикасна и ќе се снабдува со електрична енергија од сопствена фотонапонска електроцентрала која е веќе изградена и е во функција со лиценца од регулаторната комисија.

Плановите на неговата нова компанија се по три години да се произведуваат еден милион литри на годишно ниво од поширока палета на производи, кои ќе се продаваат на домашниот и регионалниот пазар. Селмани не крие дека инвестицијата почетно ќе изнесува 3 милиони евра.

- Технолошкиот процес ќе биде од автоматизиран модерен тип  со меѓународни стандарди, но и со почитување на домашните прописи. Снабдувањето со базните масла ќе биде од европските производители, а адитивитите за оплеменување на маслата и мазивата ќе бидат германско-француски брендови. Засега можам да откријам толку, затоа што понатаму се друго е деловна тајна, вели поранешниот пратеник, министер за здравство и вицепремиер.

Тој вели дека за продажба ќе ја користи постоечката дистрибутивна мрежа на „Бис Оил“ и околу 1.000 продажни места со кои традиционално соработува повеќе од 20 години.

- Новиот бренд нема да им конкурира на оние брендови кои веќе се во продажба од наша страна како што се Castrol и Petrol Ofisi, особено не на такви од типот на „Castrol“. Ова ќе биде производ кој ќе биде достапен за сечиј џеб, како за граѓаните така и за големите потрошувачи во државата како што се градежните фирми, транспортерите и фабриките, тврди Селмани.

Тој во изминатиот период го основаше и „Бис Оил Грин Лајн“ кој ќе биде основен пристапувач за менаџирање и собирање отпадни масла за понатамошно рециклирање, соглансно новите законски прописи кои се усогласени со ЕУ директивите и националните цели а се со цел да се има поздрава, побезбедна и почиста животна средина. За оваа дејност вели дека ќе треба да се поднесува квартални извештаи за работата до Министерството за животна средина.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии