Добивај вести на Viber
Општина Аеродром почнува со доизградба на пешачката патека „Тоше Проески“ од Ново Лисиче кон населбата „Јане Сандански“.
Ова на денешната прес-конференција го изјави градоначалникот Ивица Коневски. Тој истаклна дека со изградбата на вториот дел од детската улица „Тоше Проески“ во населбата Јане Сандански, граѓаните ќе добијат уште едно место за прошетка, одмор и релаксација.
Имено, пешачката патека со широчина од 7 метри содржи два краци од кои едниот е долг 552 метри, а другиот 252 метри, секако заедно со пристапните патеки. Постојната, како и новата пешачка патека ќе бидат поплочени со гранитни плочи, ќе бидат комплетно осветлени, ќе се постави урбана опрема, поточно клупи и канти за отпадоци, а ќе биде изграден и сопствен систем за наводнување на зеленилото околу патеките. Времето предвидено за изградба е три месеци, а изведувач е фирмата Трансмет.