05 Декември, 2025
0.0284

Имотите во Велика Британија, најскапи во последните шест години

Објавено во: Анализа 30 Јануари, 2014 16:00

Добивај вести на Viber

Цените на недвижностите во Велика Британија регистрирале раст за 13-ти последователен месец во јануари до највисокото ниво од речиси шест години, како последица на забрзување на брзината на растот на економијата, покажуваат официјалните податоци. Просечните цени на недвижностите се зголемија за 0,7 % во однос на декември до 176.491 фунти, што е највисоко ниво од април 2008 година. Тоа ги помина средните очекувања на аналитичарите, кои прогнозираа раст од 0,6 % за јануари . На годишна база, цените на недвижностите во Велика Британија се зголемија за 8,8 %, што е најголем нивни пораст од мај 2010 година. „Јасно е дека доброто претставување на пазарот на недвижности се шири " , коментира Хауард Арчер, економист во IHS Global Insight . „Ова создава загриженост дека можеме да станеме сведоци на надувување на нов имотен балон оваа година" , додава стратегот, пренесува Bloomberg. Можно е оваа година да видиме ново зголемување на цените на имотот од 8% , додава Арчер . Зголемените цени на имотот во Велика Британија ја принудија централната банка на земјата да ја прекине поддршката за пазарот на хипотекарни кредити. Економијата на земјата забележа раст од 0,7 % во четвртиот квартал од минатата година, што беше најдобро претставување од 2007 година наваму. И додека цените на недвижностите растат, тие се уште се со 4% под нивниот врв во 2007 година, покажува статистиката. Побарувачката на имот беше во одреден степен асистирана од програмата позната како„помош при купување". Купувачите на прв дом биле главен двигател на растот во побарувачката и цените на имотот. Одобрените кредити во декември во земјата биле 72.900, за разлика до 70.758 еден месец претходно.   А.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени