ИМУНОЛОГОТ ПОПАДИЌ: „Синофарм“ создава послаб имунитет, природниот е добар ама цената без вакцина е превисока
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2021 11:56
Професорот по имунологија Душан Попадиќ денеска за РТС изјави дека вакцините што се достапни по имунизацијата дале малку повисока концентрација на антитела за разлика од кај луѓето кои го прележале вирусот. Во Србија веќе се зборува дека е важно да се добие четврта доза против вакцината. Попадиќ веќе има примено трета доза но вели дека поради недисциплината на граѓаните се доживува значаен пик на вирусот во четвртиот бран.
- Не чека тешка есен, ова започна порано отколку што можев да претпоставам и ќе продолжи до зимата - вели Попадиќ.
Цитораше студија за вакцинацијата која била направена во Бахреин каде се аплицираат и Синофарм, Спутник, АстраЗенека и Фајзер. Таа студија покажала дека иновативните вакцини и вакцините „Фајзер“ обезбедуваат подобра заштита за разлика од оние кои примиле две дози од инактивираната вакцина „Синофарм“.
Другото нешто што тој го посочи е дека пред една недела излегла студија од Израел, каде се вакцинираа со вакцината Фајзер и го споредуваа имунитетот на оние кои прележале ковид и оние кои биле вакцинирани со две дози и оние кои имале ковид и вакцинирани со една доза.
Според лекарот, стекнувањето имунитет преку природна инфекција чини многу, чини во човечки животи.
- Добро е да не тргне кампања дека природниот имунитет е подобар, тоа е од аспект на долговечноста на имунитетот досега, поминаа 6 месеци откако луѓето беа следени, не знаеме што ќе се случи по 9 или 12 месеци и дали заштитата ќе биде подобра во тој случај по претходна инфекција или по две дози од вакцината - посочи професорот.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




