19 Декември, 2025
0.0406

Индија ќе го поскапува данокот за најбогатите?

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2013 20:57

Добивај вести на Viber

Индија треба сериозно да ги разгледа  аргументите за воведување на повисоки даноци на најбогатите Индијаци, истакна министерот за финансии Па Чидамбарам, изјава која поттикна многу шпекулации во врска со чекорите што тој може да ги превземе за да го интензивира приливот на средства од даноците и намали фискалниот јаз. На состанокот со претставници на министерството за финансии на 7-ми јануари дел од економистите инсистираа на повисоки даноци за богатите, што создаде немир кај бодатата бизнис заедница која предупреди дека со таквиот чекор ќе се намали растот во земјата. Изјава на Индискиот министер за финансии, дојде во време кога на глобално ниво се разгледуваат аргументите дали богатите плаќаат доволно даноци на државите во кои живеат. „Мислам дека треба да имаме стабилна даночна стапка, но ние треба и да го разгледаме фактот дека најбогатите мора да плаќаат малку повеќе во некои прилики, но ова не е гледиштето зад кое ја с стојам. Тоа е само аргумент кој го имам слушнато и го повторувам", се повлече Чидамбарам пред бизнисмените. Највисока даночна стапка во Индија е 30 отсто, а се однесува на приходите од над еден милион рупии, или над 18.500 долари годишно. Во Индија, која има 1,2 милијарди жители, има само 35 милиони даночните обврзници, а од нив, околу 1,5 милиони пријавуваат годишни приходи од над еден милион рупии.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците