05 Декември, 2025
0.0328

Индустријата во Европа поставува рекорди!

Објавено во: Анализа 06 Март, 2014 08:28

Добивај вести на Viber

Инвестициите во логистички и индустриски простор во Европа се очекува да достигнат нов рекорд оваа година, прогнозираат од консултантската компанија Jones Lang LaSalle. Компанијата очекува инвестициите во секторот да надмине 16 милијарди евра - вредност достигната во 2006 година. Минатата година обемот на инвестициите во индустриски и логистички имот во Европа се зголеми за 73% до 15,2 милијарди евра - вториот најголем обем во последните 10 години, покажуваат податоците на компанијата. Одделно уделот на инвестициите во секторот од вкупниот обем инвестиции во комерцијални недвижности се зголеми до 10 проценти кај средно ниво за последните 5 години од 8 отсто. Од компанијата велат дека наглиот раст на активноста се должи на добрите макроекономски услови, забрзанaта апсорпција на слободните површини и затегнатиот придонес. Главен двигател на пазарот продолжува да е e-commerce, која продолжува да го менува обликот и на целиот трговски сектор како целина. Се чувствува и посилно присуство на големи меѓународни инвестиции во секторот, кои остваруваат трансакции со цели портфолија. Минатата година процентот на портфолио трансакции достигнува речиси 50 проценти од сите трансакции во сегментот, што е раст од 130% на годишна основа, регистрира компанијата. Кои се главните пазари? Главните пазари во Европа - Велика Британија, Германија и Франција, остануваат најпосакувани од инвеститорите. Поради недостигот на првокласни површини и намалувањето на приносот сепак инвеститорите свртуваат поглед и кон другите делови на Стариот континент. Вкупно 45% од инвестициите во 2013 година биле насочени надвор од овој "топ 3", додека во 2012 година уделот на инвестициите во индустриски и логистички површини на споредните пазари бил малку над 30 отсто. Во скандинавските земји е забележан раст на инвестициите во сегментот од 84% на годишна основа, во земјите од Бенелукс - 44%, а во јужната периферија на еврозоната - 12%, таму унапредувањата се движат главно од обновените активности на пазарот во Италија. Во Русија минатата година биле инвестирани рекордни 800 милиони евра во индустрискиот сегмент од пазарот на недвижности, што е раст од 137% на годишна основа, покажуваат уште податоците на компанијата. Кај пазарите од Централна и Источна Европа активноста останува стабилна, околу просекот во последните 5 години. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени