Инестиција од 725 милиони евра за рурален развој во земјоделството
Објавено во: Агробизнис 09 Февруари, 2013 12:37
Преку Програмата за рурален развој во наредните пет години ќе инвестира 725 милиони евра директна помош во развојот на руралните средини.
Целта, како што истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, е обновување на механизацијата, отворање нови преработувачки капацитети, откупни центри и центри за чување на земјоделските производи, решавање на инфраструктурни проблеми во руралните средини, како и поддршка и развој на руралниот туризам.
- Со низата преземени законски мерки во изминатиот период, успеавме да ја подигнеме финансиската и кредитната способност на нашиот земјоделец, со што тој е подготвен за аплицирање и учество во искористување на финансиските фондови, нагласи Коњановски на работната сесија за договорно производство во Струмица.
Во делот на искористувањето на средствата од ИПА програмата и Програмата за рурален развој, попозната кај земјоделците 50-50, која воглавно се користи за обновување на машинскиот парк и отворање преработувачки капацитети, досега, според него, искористени се и целосно се реализирани над 2.500 барања.
- Со планираната динамика во рамките на Програмата за рурален развој овие средства од година во година ќе растат со што директно ќе влијаеме во економската моќ на фармерите, како и на облиците на кооперативно здружување, изјави Коњановски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





