ИНФЛАЦИЈА: Колкава е стапката во Германија, Франција, Шпанија?
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2024
Евростат објави дека годишната инфлација во еврозоната во јануари се намалила на 2,8 проценти. Таа е за 0,4 проценти помала отколку во декември.
Цените на енергијата во еврозоната се намалија за 6,3 проценти на годишно ниво, а цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 5,7 проценти, додека инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше 4 проценти, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за 2 проценти.
Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, има инфлација од 3,4 отсто. Шпанија регистрирала инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто.
Клучното истражување на ЕЦБ проектира инфлација на 2,4 отсто оваа година, што е помалку од 2,7 отсто забележани пред три месеци.
Во 2025-та година, растот на цените би можел во просек да изнесува 2 отсто, целта на ЕЦБ, според Анкетата на професионалните прогнозери, клучен придонес во дебатата за политиката на банката.
На подолг рок, дефиниран како 2028-ма година, истражувањето предвидува раст на цените од 2 отсто.foto freepik.com/roman_babakin
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.