15 Декември, 2025
0.0393

Инфлацијата дополнително може да ги осиромаши граѓаните

Објавено во: Економија 19 Мај, 2021 07:28

Добивај вести на Viber

Ќе растат трошоците за живот. Цените на маслото за јадење се зголемуваат. Се очекува поскапување на храната и горивата. Мелничарите веќе најавија поскапо брашно и леб доколку не се реши проблемот со извозот во Косово. Глобално храната поскапува поради пандемијата, намаленото производство поради суши и ред други фактори.  На граѓаните им требаат повеќе пари за живеачка.

Народна банка прогнозира повисока инфлација во споредба со онаа што ја очекувала во октомври. Инфлацијата ќе изнесува 2.2 отсто.

„Растот на трошоците за живот директно ќе влијае врз квалитетот на живот на граѓаните, па дури и може да додведе до зголемување на стапката на сиромаштија. Дури и да не се покаже тоа во вкупниот процент на сиромаштијата како пораст на стапката, секако најголем удар ќе претрпат семејствата кои имаат минимални примања или ниска економска активност меѓу членовите. Проблематично кај нас е тоа што голем процент од семејствата живеат со приходи кои во целост ги трошат за задоволување на минималните потреби за живот, па секое покачување на трошоците значи поголем ризик од сирмаштија. Состојбата е и онака многу комплексна и кревка, и не дозволува изолирано гледање на состојбите, односно многу е важен одговорот на државата за заштита на работните места, висината на платите и социјалната сигурност која ќе ја обезбеди за најранливите за да може да се превенираат последиците од инфлацијата“, изјави Билјана Дуковска од од Македонска платформа против сиромаштија.

Проф. д-р Шекеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија, при Меѓународен Славјански Универзитет вели дека постои ризик за зголемување на сиромаштијата.

„Првиот и тековниот квартал на 2021 година упатуваат на продолжени ефектии од здравствената криза. Инфлациските движења и раст на цените во 2021 е 2,7 отсто и е во согласност со очекуваните пролетни проекции на Народна Банка. Ризик секако дека постои за зголемување на сиромаштијата во државата, но Народна Банка ја следи домашната инфлација и се движи според планираната, која треба да биде умерена,  2,2 отсто во 2021 и се предвидува нејзино стабилизирање во 2022 година“, вели Ивановска.

Oд опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве предупредија за галопирачки раст на инфлацијата, и бараат државата да донесе мерки. Тие велат дека реалната инфлација е над 3 отсто.

Синдикална кошница на ССМ за месец април 2021 година е зголемена за 204 денари, во однос на претходната за месец март, поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април, и тоа за исхрана и пијалоци за 1,2 отсто, на облека и обувки за 1 отсто и на хигиена за 1,1 отсто. Според пресметките на ССМ, за да се овозможи елементрана месечна живеачка за едно семејство од 4 члена,  потребни се 33.976 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, стапката на сиромашни лица во земјава изнесуваше 21.6 отсто. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден