Инфлацијата во САД со нов рекорд

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2022 20:01
Инфлацијата во мај во САД достигнала стапка од 8,6 отсто, што е нов рекорд во последните 40 години. Растот на цените претходно во април изнесуваше 8,3 отсто, соопшти Министерството за труд.
Месец за месец, цените се зголемија за еден отсто во текот на април, а растот беше 0,3 отсто во текот на март.
Инфлацискиот шок се препишува најмногу на повисоката цена на горивото. Цените на енергијата се зголемија најмногу - за 34,6 отсто на годишно ниво.
Цената на храната е со пораст од 10,1 отсто на годишно ниво, но и таа е највисока од март 1981 година.
Високата инфлација во САД врши голем притисок врз семејствата кои треба да платат многу повеќе за храна, бензин и кирија и ја намалува нивната способност да плаќаат за други услуги и стоки, како што се фризерите и електрониката.
Можеби ќе ве интересира
ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена

КИНА СО ОДГОВОР ЗА САД: Најави нова царина од 34 отсто за сите американски стоки

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата
