Инфо ден за можностите за користење ветерна и сончева енергија
Објавено во: Економија 26 Април, 2013 10:47
Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРД, во соработка со Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира Инфо ден за можностите за користење на ветерната и сончева енергија.
Во рамките на Инфо денот тимот на ЦеПроСАРД заедно со претставници од Агенцијата за енергетика ќе презентира корисни практики за искористување на ветерната и сончевата енергија во домаќинствата, на фармите, на работните места. Посетителите ќе можат да видат модел на ветерница за пумпање на вода, сончеви колектори за топла вода и фотоволтаични панели.
Можностите за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија, како и придобивките од нивното користење ќе ги претстави директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски.
Успешниот развој и пласман на домашно произведените сончеви панели и фотоволтаици ќе бидат презентирани од претставници од бизнис секторот, а извршниот директор на ЦеПроСАРД Светлана Петровска ќе се осврне на можноста за пумпање на вода со помош на ветерници.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




