16 Јануари, 2025
0.0305

Информирајте се за самовработување на новиот владин портал

Објавено во: Економија 28 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјала Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Весна Џутеска Бишева денеска ја промовираа интернет страницата за Програмата за самовработување - www.samovrabotuvanje.mk. Оваа страница се промовира со цел да се обезбеди целосен, транспарентен и подостапен начин за информирање на сите заинтересирани лица.

Според оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2013 година ќе бидат опфатени речиси 10 илјади невработени, за што Владата за поддршка има издвоено над половина милион денари. Програмата за самовработување, според Ристовски,  е една од најуспешните од 20-те различни годишни програми што се имплементираат и има реалено влијание врз стапката на невработеност. Дел од тие програми или мерки, појасни Ристовски, претрпуваат извесни корекции заради резултатите што ги покажале односно за некои имало зголемен интерес и морало да се модифицираат соодветно на побарувачката. Имало и мерки кои се покажале нецелосно интересни за невработени.

- После 7 години имплементација на оваа програма имаме над 4.900 новоформирани мали бизниси, 72 проценти ликвидни фирми. Интересот за програмата е се поголем така што во првиот циклус годинава се пријавија околу 2.000 кандидати и во тек се деловните обуки за околу 700 селектирани кандидати, рече Спиро Ристовск, потсетувајки дека досега со оперативните планови за активни програми и мерки за самовработување се опфатени околу 60 илјади лица.

Според првиот човек на агенцијата за вработување најголем интересво првите години имало во полето на земјоделството, подоцна услуги, трговија, додека минатата година интересот бил најголем за производство. Годинава,повторно најголемиот интерес за бизнис идеите е во малостопанското производство, со нови технологии кои ќе се применуваат.  Поповски информираше дека наредниот оглас од Програмата за самовработување е на 16.мај и ќе трае 10 работни дена и ќе може секој да аплицира.

Помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Џутеска Бишева информираше дека од вкупниот број лица кои основале мали бизниси, секој четврт бизнис обезбедил вработување и за трети лица. Во Програмата за самовработување околу 25 проценти од малите бизниси се формирани од млади лица до 27 години, од кои околу 55 проценти од лица со стекнато средно, а 10 проценти од лица со основно образование. Во овие години од реализацијата на Програмата, 37 проценти од бизнисите се формирани од жени.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи