Инфраструктурата е клучен проблем за поголем економски развој
Објавено во: Економија 11 Март, 2013 12:22
Немањето соодветна транспортна инфраструктура, патничко и железничко поврзување во регионот и со Европа е една од основните пречки за поголем економски развој. Нејзиното надминување по принципот на јавно приватно партнерство ќе биде главна, што ќе се одржи в четврток по иницијатива на Стопанската комора на Македонија.
На конференцијата, како што најави денеска Комората, ќе присуствуваат високи претставници од Брисел, ЦЕФТА и Светска банка.
„Добрата инфраструктура значително ги намалува трошоците и ја јакне трговската соработка. Освен што поттикнува развој на повеќе економски гранки, генерира и нови работни места“, истакна Љубица Нури од Стопанската комора.
Таа додаде дека последните 10 години регионот во овој сегмент, и покрај заложбите, нема конкретен напредок. Од вкупно изготвените 31 проект, 18 се однесуваат на железницата. За Македонија се посебно значајни врските Скопје - Софија и Софија - Белград.
Од вкупниот извоз на ЦЕФТА, 40 отсто е интра-експорт, меѓу земјите-членки, а 13 проценти е увоз. Согласно определбите, ЦЕФТА договорните страни се обврзани да соработуваат за унапредување на економското интегрирање во ЕУ. Транспортот, енергетиката и информатичката технологија се приоритетни за подобрување на регионалната трговија и работата на странските инвеститори.
Во земјите-членки на ЦРФТА има околу 30 милиони потрошувачи.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




