06 Декември, 2025
0.0420

Ingram & Vendors Networking #4: Утврдени се новите насоки на работењето со ВИ, претстои динамичен период

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2025 11:10

Добивај вести на Viber

Со завршувањето на четвртото издание на Ingram & Vendors Networking #4, Охрид уште еднаш се оквалификува како место каде што се создаваат новите насоки во ИТ-индустријата на регионот. Конференцијата собра речиси 200 учесници – ИТ експерти, бизнис-лидери, партнери и претставници на глобални и регионални компании. Настанот прерасна во форум на кој се вкрстуваат визии, технологии и практики што ја дефинираат иднината на дигиталната трансформација.

Оваа година фокусот беше ставен на ВИ како конкретна алатка што им стои на располагање на компаниите – не како експеримент, туку како суштински дел од процесите. Станува збор за алатки кои автоматизираат, анализираат, предвидуваат и реагираат.

„Ова не е само конференција. Ова е местото каде што најсилните умови од регионот во технологијата, бизнисот и иновациите се среќаваат за да го дефинираат она што следува… Ние го имаме знаењето, мрежата и моментот. Сега да го претвориме тоа во влијание“, истакна Филип Силјановски, генерален директор на „Инграм Микро“ за Македонија, Албанија и Косово, во своето обраќање.

По него збор зема Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација на Република Северна Македонија, кој истакна дека приватниот сектор е вистински катализатор на знаење, нови технологии и иновации.

„Настани како овој се клучни за нас: Тие ја поврзуваат локалната бизнис заедница со глобалните технолошки текови и гарантираат дека најновите меѓународни трендови се донесуваат овде, во Македонија. За нас, дигиталната трансформација е повеќе од технологија. Таа е економски двигател. Отвора нови пазари, создава нови работни места и ја засилува конкурентноста. Нашата визија е јасна: дигитализацијата мора да стане дел од секојдневниот живот,  да им дава моќ на граѓаните, да ги зајакнува компаниите и да ја гради основата за долгорочен раст и просперитет.“ истакна заменик министерот.

Ангел Сарбаков, инженер за пред продажба на „Инграм Микро“ за регионот, ги претстави ресурсите на компанијата: центрите за извонредност кои обезбедуваат поддршка во развој на најсовремени ИТ решенија, авторизираните тренинг-центри кои нудат специјализирани обуки прилагодени на потребите на клиентите, како и VUE тестинг-центрите каде што професионалците можат да полагаат за меѓународно признати сертификати.

На темата за безбедност се надоврза Петар Маркота, инженер за безбедност од „Check Point“, кој ја презентираше визијата за „проактивна одбрана во хиперповрзан свет“ преку решението Infinity External Risk Management. Тој нагласи дека вештачката интелигенција и напредните технологии денес им овозможуваат на организациите целосна видливост на нивниот дигитален отпечаток и превенција на закани пред тие да предизвикаат штета.

Драган Новаковиќ, консултант и инженер за системи во областа на сајбер-безбедноста во „Cisco“, говореше за најновите трендови во безбедносните решенија, вклучувајќи хибридни заштитни ѕидови, Secure Services Edge, управување со идентитет, XDR и сегментација на дата-центри потпомогната од вештачка интелигенција.

Младен Кривокуќа, главен инженер за решенија во „MBCOM“, ја претстави трансформацијата на VMware во рамките на Broadcom и новитетите што ги носи vSphere и VCF 9. Тој потенцира дека овие технологии овозможуваат создавање приватни cloud околини кои се сигурни, скалабилни и подготвени за модерните апликации.

Во неговиот инспиративен настап, Гоце Јанкуловски, регионален менаџер за територија во Централна и Источна Европа на „Dell Technologies“, истакна дека генеративната вештачка интелигенција е „единствена можност што се случува еднаш во генерација“ и дека Dell е подготвен да ја демократизира оваа технологија, правејќи ја достапна за компаниите и општеството.

Од областа на управување со податоци, Немања Пејиќ, инженер за системи во „Veeam“, ја претстави новата верзија v13, со значајни технички подобрувања што ја зголемуваат ефикасноста и безбедноста на податоците.

Конференцијата ја заокружи Јелена Милошевиќ, лидер за партнери во „IBM“, која ја сподели приказната за IBM Client Zero. Таа објасни како компанијата преку автоматизација и вештачка интелигенција постигнала екстремна продуктивност и ја потенцираше улогата на IBM во помагање на своите партнери и клиенти да станат поагилни и поефикасни во свет на растечка комплексност.

Четвртото издание на Ingram & Vendors Networking уште еднаш го оправда својот углед како водечка регионална конференција во областа на технологијата. Со речиси 200 учесници, со богата агенда и со говорници кои понудија визии и решенија за сегашноста и иднината, Охрид беше местото каде што се потврди дека вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста и дигиталната трансформација не се повеќе концепти, туку реалност која ги обликува организациите, институциите и општеството.

ПР објава


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј