Иницијатива Португалија да го напушти еврото
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2013
Португалскиот економист Жоао Фереира до Амарал, чија книга „Зошто треба да го напуштиме еврото“ стана бестселер, смета дека само прашање на време е кога Португалија ќе излезе од европската монетарна унија.
- Порано или подоцна, Португалија ќе биде соочена со откажувањето од еврото. Тоа е неизбежно, изјави Фереира до Амарал.
Неговата книга, која е пуштена во продажба во април, е една од најпродаваните во Португалија во времето кога кризата во еврозоната се повеќе ги стега ремените и доведува до раст на невработеноста.
- Од еврозоната треба да се излезе, со цел таа да се стабилизира, за две или три години, без многу помпа, наведува Фереира до Амарал, заговарајќи враќање на старата португалска валута, ескудата, во договор со европските влади, Брисел и Европската централна банка.
Фереира до Амарал е познат економист во Португалија и се залагаше Португалија да не го усвои еврото во 1999 година.
- Согледав дека португалската економија неизбежно ќе трпи поради приклучувањето кон еврозоната, рече тој, критикувајќи го португалскиот Парламент, поради тоа што го одобрил усвојувањето на еврото без референдум, со што се откажал од основниот инструмент на политичка автономија - печатење на пари
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.