ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2024
Пратеникот од Украина, Александар Мережко, член на партијата „Слуги на народот“ и претседател на парламентарната комисија за надворешна политика, го предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир во 2025 година.
Мережко кажа дека, според правилата на Комитетот за Нобеловата награда, пратеници од различни земји можат да предложат кандидати за наградата.
Пратеникот објасни дека Трамп ја заслужува Нобеловата награда за неговата дипломатска улога и потсети дека за време на неговиот прв мандат, САД обезбедувале воена помош за Украина. Мережко додаде дека Трамп имал клучна улога во зајакнувањето на меѓународната коалиција против Русија и блокирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2.
Според него, номинацијата на Трамп е можност да се изрази надежта дека неговиот иден мандат ќе се заснова на меѓународното право и принципите на ОН, а особено на „украинската мировна формула“ која може да помогне да се стави крај на војната.
Номинацијата на Трамп за Нобеловата награда за мир претходно ја поддржа и претставничката на Републиканската партија, Клаудија Тени, осврнувајќи се на „историската улога“ на Трамп во мирот на Блискиот Исток.
Трамп тврдеше дека би можел да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа доколку стане претседател, а за време на своите говори го критикуваше актуелниот американски претседател Џозеф Бајден за, како што рече, неговата неспособност да преговара со Русија. Сите се во исчекување каков став ќе заземе тој за војната во Украина и како планира конфликтот да се реши. Трамп во јануари ќе ја преземе власта.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.