20 Декември, 2025
0.1003

Иницијатива за „нова Југославија“ со Албанија, но без Хрватска и Словенија

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 18:45

Добивај вести на Viber

Лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија кон крајот на месецов ќе седнат на заедничка маса за да де договорат околу можноста за основање парламентарно собрание на земјите од Западен Балкан. Како што пренесува Радио Слободна Европа, ова треба да се случи на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, а иницијативата веќе е наречена обид за создавање нова Југославија, овојпат без Хрватска и Словенија кои веќе се дел од Европската Унија.
Според Радиото, иницијативата ја покренал министерот за надворешни работи на Црна Гора, Игор Лукшиќ, а веќе е испратен појдовен документ до шесте држави со кој треба да се формира Г-6 или балканската шесторка. Какошто изјави за телевизија Вијести државниот секретар за политички прашања на црногорското МНР, Владимир Радуловиќ, иницијативата ќе помогне за да се унапреди парламентарната соработка и регионалната борба против организираниот криминал и корупцијата, а сите детали околу соработката се оставени на земјите членки кои треба да најдат консензус за најоптималните форми. „Се забележува една сличност со поранешните држави на Југославија, со тоа што во овој случај останавме без Словенија и Хрватска, а нив ги заменивме со Албанија и Косово. Така што ова делува на бледа копија на онаа Југославија, со оценка дека нормално нема да се работи за толку цврста заедница", потенцирал и претседателот на црногорскиот одбор за европска интеграција, Славен Радуновиќ.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација