16 Јануари, 2025
0.0334

(ВИДЕО) Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ најави предновогодишен протест за вечер

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Архитектите под мотото „Го сакам ГТЦ“, повторно ќе се обидат да докажат дека не треба да се менува ликот на овој култен објект за скопјани.

Имено, оваа инцијатива за вечерва најави предновогодишен протест на влезот пред  ГТЦ кон Плоштад Македонија. Протестот е закажан за во 19 часот, а овој пат нивното мото е „Во Новата година со стариот ГТЦ“.

Предвидено е јавно говорење, настапи на повеќе музички ѕвезди и формирање на жив ѕид од луѓе околу ГТЦ.

За ГТЦ ќе зборуваат: Даница Павловска Циги, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, Мартин Гулески, Донка Барџиева Трајковска, Василка Димитровска, Јовица Ивановски и Томислав Османли. Музичка поддршка ќе дадат: Ана Костовска, Лева Патика, Мирко Попов, The Џака Накот, Костадин Шурбановски, Симон Киселички, Збир од Скопски анонимни музичари. Настанот ќе го водат: Огнен Јаневски, Марин Бабиќ и Сања Арсовска, соопштуваат организаторите на официјалната страна на фејсбук.

„Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат ГТЦ да остане градски, достоинствено да застанеме на „барикадата“ која не смее да падне!  Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила препознатливата архитектура на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро. Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015-та година, иницијативата Го сакам ГТЦ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар“, порачува иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?