06 Декември, 2025
0.0304

ИНОВАЦИИТЕ И РАЗВОЈОТ ГИ ПРАВАТ ЛИДЕРИТЕ - СТАРТУВАШЕ ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА СТУДЕНТИ НА ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈАТА

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Петтата генерација во Академијата за Претприемништво и Менаџмент, дел од Фондацијата „Прогресив Академија“ Виница, почна со обука, со што се отвора ново поглавје во создавањето идни лидери и визионери во бизнисот. Обуката ќе трае шест месеци.. Учесници се преставници на компании и лица од регионот но и  респектирани и активни членки на Стопанската комора.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, во улога на претседател на Одборот на директори на Прогресив Академијата потенцираше дека оваа институција претставува столб на современото менаџерско и претприемничко образование во државата. Истакна дека преку вакви иницијативи се создаваат генерации на нови лидери кои ќе бидат двигател на развојот, иновациите и конкурентноста на македонската економија.

Генералниот менаџер на Макпрогрес Груп од Виница, Глигор Цветанов, и и член на бордот на директори на Академијата, им порача на младите дипломци дека се доказ оти македонскиот бизнис има иднина. Со врачувањето на сертификатите на дипломците од четвртата генерација заврши уште еден циклус на образование и практична подготовка на младите претприемачи и менаџери и тие со ова, според Цветанов, излегуваат подготвени да одговорат на современите предизвици.

Цветанов, пред завршените студенти на четвртата и пред новите, од петтата генерација што сега ја започнуваат едукација, истакна дека за него Академијата за претприемништво и менаџмент има посебна вредност, појаснувајќи дека и самиот минал низ многу обуки за менаџери, што го подготвиле за мигови, кога животот и бизнисот ќе ве стават на испит, потсетувајќи на пожарот во фабриката од пред дваесетина дена, во кој изгоре еден производен погон и три магацини.

Како што посочи оваа криза беше суров доказ дека секој бизнис носи ризици. Но, во исто време и најголема лекција – дека токму принципите на Прогресив Академијата се тие што прават разлика: брзината на одлука, решителноста, истрајноста и лидерството. Рече дека верува дека и сите оние кои излегуваат како дипломирани прогресивци, се подготвени да бидат токму такви лидери – кои нема да се скршат во криза, туку ќе израснат уште посилни.

Инаку, во  програмата на Академијата за претприемништво и менаџмент ќе бидат опфатени: деловна стратегија и бизнис процеси, организациска трансформација, корпоративна иновација, маркетинг и продажба, финансии за топ менаџмент и лидерство и деловни комуникации.

Програмата дава уникатна можност за вмрежување со менаџери од други компании и индустрии, со што при активна дискусија и размена на идеи, дополнително се збогатуваат знаењата на учесниците.

Академијата за Претприемништво и Менаџмент е дел од Фондацијата „Прогресив Академија“,  Виница чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Има за цел да овозможи личен и професионален развој на менаџери и бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот. Таа е првата сертифицирана програма за претприемништво и менаџмент во Македонија со верифицирано решение издадено од Центарот за образовние на возрасни во јули 2021 година.  Од тогаш повеќе од 40 кандидати ја комплетираа програмата и се стекнаа со јавна исправа издадена од МОН.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј