Инспектор не одел на работа, а претпоставената го криела, МВР им поднесе пријави
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Двајца инспектори од Државниот пазарен инспекторат во Битола заработија кривични пријави од Битолската полиција. К.А. (31) од Битола ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување на исправа додека неговата претпоставена Л.М. (54) од Ресен само за злоупотреба на службената положба и овластување.
Првоосомничениот во 2015 година неоправдано отсуствувал од работното место 26 работни дена, а на списокот за редовност се водел како присутен. Во овие денови тој патувал во странство, а последователно во времето кога бил присутен на работното место се потпишували за нив дека бил наводно присутен, со што извршил фалсификување на евиденцијата, а иако бил неоправдано отсутен пријавениот редовно ја примал платата.
Второосомничената, како одговорен работник, иако била должна да ја води евиденцијата за присутност навработените, таа им ја оставила истата на вработените сами да се потпишуваат во неа, велат од МВР.