17 Декември, 2025
0.0612

Инспекторите на терен, летово на мета туристичките агенции и угостителски објекти

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2013 20:54

Добивај вести на Viber

Летово ќе има засилени контроли на угостителските објекти за почитување на работното време. Ќе се проверува и работата на туристичките агенции околу почитување на договорите и законските прописи. Покрај редовните, министерот за економија Ваљон Сарачини најави и вонредни контроли од дежурни екипи, по средбата со директорот на Државниот пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев. Само синоќа во Скопје, во угостителски објекти лоцирани на Ленинова, во Дебар Маало, Стара Чаршија и Јурумлери биле контролотани 25 објекти, од кои кај четири е констатирано нарушување на работното време. Казната е привремено затворање во траење од 10 дена ако прекршувањето е до половина час, 20 дена ако работел објектот меѓу половина и еден час повеќе од дозволеното и 30 дена ако работел повеќе од еден час над дозволеното, информираше Дерменџиев. Инспекторите влегле и во дискотеките на отворено во Градскиот парк и утврдиле дека само една има лиценца за работа на отворено, а другите имаат уплатено средствата и треба наскоро да ја добијат лиценцата. Надлежните побараа нови вработувања во инспекторатот. Според Сарачини ова е неопходно бидејќи кадарот е веќе повозрасен и не може да ја врши својата работа, особено не во раните утрински часови. „Државниот пазарен инспекторат треба да покрене иницијатива за ангажирање млад кадар кој ќе биде поактивен на терен“, нагласи министерот. Сарачини и  Дерменџиев аплеираа и до туристичките агенции да ги почитуваат договорите што ги потпишуваат со своите клиенти за одреден аранжман за да не се случува и цели групи туристи да покажат незадоволство од агенциите и да бидат на некаков начин измамени или оштетени. Лани било постапувано по 67 пријави, односно претставки од граѓани, а присилно се затворени 11 туристички агенции, а главниот проблем биле пријавите од граѓаните за неисполнување на договорите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години