ИНСТИТУЦИИ: Во домашна политичка криза, финансискиот систем стабилен
Објавено во: Економија 27 Јули, 2016 13:04
Денеска во просториите на Народната банка се одржала редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност и Народната банка на Република Македонија.
На состанокот се разговарало за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности.
Притоа, погоре споменатите институции закклучиле дека и во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност.
Се разговарало и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската Унија.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




