19 Декември, 2025
0.0390

Интел објавува годишен приход од 12.6 милијарди долари и добивка од 2 милијарди!

Објавено во: Свет 17 Април, 2013 12:13

Добивај вести на Viber

Корпорацијата Интел денес го објави првиот годишен приход кој изнесува 12.6 милијарди долари, оперативна добивка од 2.5 милијарди долари, нето добивка од 2 милијарди долари и заработувачка по акција од 0.40 долари. Компанијата заработила околу 4.3 милијарди долари готовина од работењето, платени дивиденди од 1.1 милијарди долари и искористила 533 милиони повторно да откупи 25 милиони акции. “Во време на „мек“ пазар, Интел постигна добри резултати во првиот квартал и јас сум навистина возбуден околу тоа што ја очекува компанијата во иднина“, изјави Пол Отелини, извршен директор и претседател на Интел. „Ја испорачавме следната генерација на микропроцесори, претставивме нова гама продукти наменети за микро-сервери и ќе ги испорачаме новите микропроцесори за таблети и смартфони во овој квартал. Соработуваме со нашите потрошувачи во претставувањето на новите продукти за повеќе различни оперативни системи. Транзицијата на 14 нанометарска технологија оваа година значително ја зголеми вредноста на Интел архитектурата и процесна технологија за нашите потрошувачи и пазарот“  Прв квартал (Q1)Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици PC Client Group оствари приход од 8.0 милијарди долари, 6.6% секвенцијално и 6.0% од година во година. Data Center Group оствари приход од 2.6 милијарди долари, долу 6.9% секвенцијално и 7.5% од година во година. Други групации со Intel® архитектура оствариле приход од 1 милијарда долари, 3.9% секвенцијално и 9 % од година во година. Бруто маржа од 56 проценти, долу 2% секвенцијално и долу 8% поени од година во година. Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања (MG&A): 4.5 милијарди долари според очекувањата на компанијата кои изнесуваа приближно 4.6 милијарди долари. Даночна стапка од 16%. Деловна перспектива Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции по 16 април. Втор квартал (Q2)2013 година Приход: 12.9 милијарди долари, плус-минус 500 милиони долари. Процент на бруто маржа: 58%, плус-минус некој процентен поен. Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања (MG&A): приближно 4.7 милијарди долари. Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 70 милиони долари. Влијание на капитални инвестиции, камати и останато: приближно нула. Депрецијација: приближно 1.7 милијарди долари. Годишно 2013 Приход: низок пораст на еднобројчаните проценти, непроменети од претходните очекувања Процент на бруто маржа: 60%, плус-минус некој процентен поен, непроменето од претходните очекувања. Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања: 18.9 милијарди долари, плус-минус 200 милиони долари, непроменето од претходните очекувања Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно ХХХХХХХ300 милиони долари, исто така непроменето од претходните очекувања. Депрецијација: 6.8 милијарди долари, плус-минус 100 милиони долари. Даночна стапка: приближно 27 отсто за сите преостанати квартали од годината. Годишна капитална потрошувачка: 12 милијарди долари, плус-минус 500 милиони долари, една милијарда долари помалку од очекувањето. За дополнителни информации во врска со резултатите на Интел и деловната перспектива, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm.  

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците