29 Септември, 2024
0.0278

Интернетот го оживеа занаетот!

Објавено во: Анализа 30 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Развојот на технологијата не е секогаш свртен против старите и квалитетни работи. Интернетот на пример успеа да ја врати популарноста на швајцарските механички часовници, на голем број рачни изработки. Пример за ваквото тврдење се флипер апаратите кои со појавата на Плејстејшн беа фрлени во заборав, а на почетокот на векот запре и нивното производство. Но кога носталгичарите во свои средни години започнаа да ги собираат работите кои ги потсетуваат на младоста, пазарот многу бргу се преориентираше од високо технолошките игрички на правењето на флипер апарати. Денеска се продаваат милиони вакви апарати и тоа главно во приватни домаќинства. Слична е ситуацијата и со рачните изработки – денеска делува како секоја тинејџерка да се бави со изработка и продажба на накит преку интернет, а голем дел од домаќинќите подготвуваат здрави колачиња, џемови, домашни сокови, но и џемпери, блузи и слично. Во овој бизнис им помага интернет пазарот за рачни изработки од сите делови на светот и виртуелната латформа која на креативците им помага без посредник да пронајдат финансиер за своите проекти. Поради Etsy и Kikstarter производството и продажбата на рачни изработки е исплатливо. Etsy заработува на тој начин што на секоја продажба добива 3,5% од цената на производот. Во првата година на работа (2006) сајтот продал роба во вредност од 175.000 долари, но работата во меѓувреме процвета па продажбата во 2013 година се искачи на 1,35 милијарди долари. Околу 88% од клиентите, продавачи на роба се жени, а од нив најголем дел овој биснис го работат дома За петтина од нив ова вистинско работа која има и осум часовно работно време. Доприносот на овој сајт не е само во растот на самовработувањето, туку у во популаризацијата на одреден вид на роба. Така на пример ако во 1986 година во Орегон само неколку луѓе правеле сапун денеска бројот им е 150. Од друга страна, Kikstarter за овие ситни претприемачи служи како некоја врста на банка, бидејки преку него можат да добијат капитал за проширување на бизнисот. Само во 2013 година неговите корисници финансирале околу 20.000 проекти со вкупно 500 милиони долари. Дел од тоа отишло во рацете на уметници, дизајнери, слаткари и други професии од креативната индустрија. Им биле одобрени околу 100 милиони долари. Така оние кои најмногу изгубиле од информатичката револуција во меѓувреме станаа добитници. Тие развија бизнис за носталгичните клиенти и го поставија на здрави нозе. Не со спротивставување на технологијата, туку со нејзина помош. К.К.