02 Септември, 2024
0.0245

„Интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи“: Филипче го кажа личниот став, но партијата доправа ќе одлучува

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и ние бевме тие кои ја запознаа јавноста за тие работи. 

Но, не само ние, туку и институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став. 

Ова го посочи денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

На новинарско прашање за средбата со поранешната министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и дали ако се утврдат неправилности ќе побара таа да се повлече од функциите, лидерот на СДСМ смета дека партијата на власт треба да ги даде сите документи на институиците, а не да тера партиски ПР.

- Сметам дека е апсолутно недозволиво партија којашто е на власт да користи такви информации и само да ги сервира на партиски прес конференции. Тоа е на еден начин партиски ПР, којшто не знам како им користи, веројатно тие си знаат. Треба да интервенираат и да ги дадат сите документи коишто ги имаат во институциите, тие да си отворат постапки и доколку се утврди некаква одговорност и преку таа одговорност да се преземат соодветни мерки - рече Филипче.

На прашање каков е неговиот став во врска со изјавата на претседателот на Уставниот суд за употребата на Законот за јазици, кој бил донесен кога СДСМ беше на власт и евентуалното укинување на овој закон може да има последици и да предизвика немири, претседателот на СДСМ рече дека не би коментирал изјава на ниту една друга институција и колку што тој знаел Уставниот суд не одлучувал за севкупна употреба на Законот за јазици туку за парцијална. Во однос на тоа партијата ќе зазела став и во текот на следните денови ќе го соопштела на јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Одобрено обвинението во целост за Палчо за убиството на Вања и Панче

Одобрено обвинението во целост за Палчо за убиството на Вања и Панче

НАД 100 ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ТРЕБА ДА ВРАТАТ ДЕЛ ОД ПЛАТИТЕ - незаконски добиле нови позиции и повисоки плати

НАД 100 ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ТРЕБА ДА ВРАТАТ ДЕЛ ОД ПЛАТИТЕ - незаконски добиле нови позиции и повисоки плати

Пребеганиот функционер на ДУИ, Исмет Гури, пред два дена сам се пријави во полиција, а денес дојде на судење

Пребеганиот функционер на ДУИ, Исмет Гури, пред два дена сам се пријави во полиција, а денес дојде на судење

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

НЕМА ЗАСТАРЕНОСТ НА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ МЕРКО - ама сега бараат изземање на судиката

НЕМА ЗАСТАРЕНОСТ НА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ МЕРКО - ама сега бараат изземање на судиката

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат