02 Септември, 2024
0.0265

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Во контекст на посветеноста на менаџментот за подобрување на услугите и ефикасноста на Агенцијата за катастар на недвижности, директор Иван Живковски ги презентираше најновите иницијативи и мерки за модернизација на институцијата. Се работи на решавање на заостанатите предмети и подобрување на достапноста на услугите за граѓаните и правните лица.

- По преземањето на функцијата затекнавме над 5.000 незавршени предмети. Голем дел од нив се веќе решени, а очекувам останатите да бидат завршени до средината на септември, кога ќе имаме нула заостанати предмети - изјави Живковски во вчерашното гостување на Македонската телевизија. Тој истакна дека тимот работи и прекувремено за да ги постигне овие цели.

Живковски нагласи дека обезбедувањето на подобра услуга за граѓаните и правните лица е приоритет на агенцијата. Во таа насока, тој потсети на драстичното намалување на цените на услугите кое го најави пред десетина дена, кое наскоро треба да стапи на сила. Оваа мерка ќе овозможи граѓаните и бизнисите полесно и поевтино да пристапат до потребните услуги.

Тој најави дека наскоро сите услуги на агенцијата, вклучително и оние кои досега не беа достапни по електронски пат, ќе бидат достапни со еден клик.

Говорејќи за работењето на неговите претходници, Живковски посочи дека е забележано работење кое не е во согласност со законите, но за тоа треба да постапуваат надлежните институции.

- Учиме од бизнис секторот. Со обуки и награди за вработените, целиме да ја намалиме корупцијата и да обезбедиме поквалитетни услуги за бизнисот и граѓаните - заклучи Живковски.

Можеби ќе ве интересира

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

НЕМА ЗАСТАРЕНОСТ НА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ МЕРКО - ама сега бараат изземање на судиката

НЕМА ЗАСТАРЕНОСТ НА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ МЕРКО - ама сега бараат изземање на судиката

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

„Интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи“: Филипче го кажа личниот став, но партијата доправа ќе одлучува

„Интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи“: Филипче го кажа личниот став, но партијата доправа ќе одлучува

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

„Рочиштата може да се одржуваат и на далечина“: Предлог законот за парнична постапка повторно во собраниска процедура

„Рочиштата може да се одржуваат и на далечина“: Предлог законот за парнична постапка повторно во собраниска процедура

Пациенти се степале додека чекале преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“

Пациенти се степале додека чекале преглед во ГОБ „Св. Наум Охридски“

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ НАД 27 ИЛЈАДИ УЧЕНИЦИ ЗА 10 ГОДИНИ: истражување на ЦГК открива каде има најголемо намалување

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ НАД 27 ИЛЈАДИ УЧЕНИЦИ ЗА 10 ГОДИНИ: истражување на ЦГК открива каде има најголемо намалување