02 Септември, 2024
0.0249

НЕМА ЗАСТАРЕНОСТ НА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ МЕРКО - ама сега бараат изземање на судиката

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Одложена е главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. Одлуката судот ја донесе на денешното рочиште по барањето на одбраната за изземање на судијката Надица Митреска, поради, според нив, кршење на правата на обвинетиот.

Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески изнесе докази со кои укажа дека делото не е застарено, на претходното барање на адвокатот на Мерко Игор Петкоски судот да го одбие обвинителниот предлог поради изминување на рокот за обвинение.

Јолески прикажа известување дека на 13 јануари 2021 година јавниот обвинител кој го работел предметот од ОЈО ГОБ Скопје доставено до МВР БЈБ во врска со проверка на наводите по иницијативата на Државната комисија за спречување корупција во делот за јавна набавка од каде произлегува и тоа обвинение. Со тој доказ, смета дека се утврдува прекин на застарувањето и обвинението не е застарено за кривично гонење.

Судијката Митреска го прифати приговорот на обвинителот и заклучи дека рокот на застареност е прекинат и оти застареноста не е никаква привилегија на сторителот на кривичното дело. Барањето за нејзино изземање од случајот, според неа, е законско право на одбраната за што треба да одлучи Претседателот на судот.

- Барањето за изземање и законско право, ако странката смета дека има простор. Јас сметам дека сум непристрасна и дека постапувам аполутно совесно и согласно закон. Ќе почекаме одлука и ќе видиме. Мојата одлука е одбивање на приговорот за релативна застареност, бидејќи настанал прекин - изјави Митреска.

Одбраната пак, предводена од адвокатот Петкоски, посочува дека судечкиот судија одлуката ја донел без приложување на доказите од обвинителот и можност да се произнесат по нив.

- Судијката во рок од една минута го проучи овој доказ, кој остана непознат за одбраната и донесе одлука судењето да продолжи со што го одби приговорот на одбраната за застареност на кривичното дело. Ваквото кршење на законски загарантираните права одбраната нема да дозволи и затоа побара изземање на судечкиот судија од овој предмет, истакна Петкоски.

Одбраната во рок од 24 часа до Претседателот на Основниот суд Струга треба да достави образложен предлог зошто бара изземање на судечкиот судија, по што ќе се знае дали предметот ќе остане кај истиот судија или ќе биде префрлен кај друг.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал го товари струшкиот градоначалник за злоупотреба на службената положба, за набавка на четири автомобили во вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои и луксузен „Ауди А6“ во период кога Општината имала бликирана сметка. 

Можеби ќе ве интересира

Одобрено обвинението во целост за Палчо за убиството на Вања и Панче

Одобрено обвинението во целост за Палчо за убиството на Вања и Панче

НАД 100 ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ТРЕБА ДА ВРАТАТ ДЕЛ ОД ПЛАТИТЕ - незаконски добиле нови позиции и повисоки плати

НАД 100 ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ТРЕБА ДА ВРАТАТ ДЕЛ ОД ПЛАТИТЕ - незаконски добиле нови позиции и повисоки плати

Пребеганиот функционер на ДУИ, Исмет Гури, пред два дена сам се пријави во полиција, а денес дојде на судење

Пребеганиот функционер на ДУИ, Исмет Гури, пред два дена сам се пријави во полиција, а денес дојде на судење

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ФУНКЦИОНИРА НОРМАЛНО: град Скопје со реакција по утринските најави за исклучување на приватните превозници

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

Синот на Гордана Јанкуловска стана прваче

„Интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи“: Филипче го кажа личниот став, но партијата доправа ќе одлучува

„Интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи“: Филипче го кажа личниот став, но партијата доправа ќе одлучува

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

Министерот Тошковски ја испрати ќерката на првиот училишен ден

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат

„Намалувањето на цените на услугите наскоро треба да стапи на сила“: директорот на Катастар најавува достапност по електронски пат