05 Декември, 2025
0.0503

Интерпелацијата за претседателот на Регулаторна пред пратениците

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012 10:20

Добивај вести на Viber

Пратениците денеска ќе расправаат за интерепелација на првиот човек на Регулаторната комисја за енерегетика Димитар Петров. По серијата поскапувања на енергенсите но, и одлуките за парното греење според кои секој исклученод мрежата на Топлификација сепак ќе плаќа паушал, а кои граѓаните ги сметаат за нелогични, опозицијата поднесе интерепелација за Петров во Собранието. Еве што пишува во интерепелацијата : “Овие одлуки Регулаторната комиисја на енергетика ги донесе на спорен и сомнителен начин, по нејасна методологија, во екот на годишните одмори, далеку од очите на јавноста. И покрај честите барања на пратениците и јавноста, РКЕ досега не ја стави на јавен увид методологијата по која се уврдуваат цените на нафтените деривати, со што се конкретизираат сомневањата и инфомрациите дека РКЕ доминантно го штити  монополот на ОКТА, а не објективните движења на светските берзи и стандардот на граѓаните“, пишува во образложението доставено до Собранието. Понатаму опозицијата пишува дека, скандалозно е однесувањето на РКЕ и во однос на контролата и регулацијата на „Топлификација“, бидејќи голем дел од потрошувачите на топлинската енергија, не добивале соодветно затоплување како што е утврдено со Правилникот за услови за снабдување со топлинска енергија. “Во последната грејна сезона, најголем дел од потрошувачите не добиваа минималната температура од 21 степен целзиус, бидејќи контролните механизми за проверка на испорачаната топлинска енергија ги врши „Топлификација“, наместо РКЕ, која не постапува согласно Законот за енергетика и Законот за метрологија, на тој начин овозможувајќи екстра профит на компанијата на товар на граѓаните. Заради таквото однесување на РКЕ, граѓаните за возврат добиваа секој месец повисоки сметки, а менаџерите на „Топлификација“, делеа дивиденда“, се наведува во соопштението од опозицијата. Опозицијата тврди и дека Претседателот и членовите на РКЕ прифаќале зголемување на цената на струјата заради зголемените трошоци на ЕЛЕМ и МЕПСО, направени за партиски вработувања, реклами на монополите и проекти кои немале врска со производство и пренос на електричната енергија. Дополнително, опозицијата се сомнева во контролата и регулацијата на РКЕ во однос на ЕВН, но и во делот на намалувањето на домашно производство на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, а се зголемува рапидно увозот на скапа струја од странство, преку компании кои се блиски до Владата и Премиерот. Прифаќањето на интерпелацијата, според опозицијата,  треба да овозможи смена не само на петседателот Димитров, туку и понатамошно разрешување на сите членови на РКЕ, и избор на нов состав на РКЕ, кој би требало да работи на законски, професионален, независен и транспарентен начин, конкретно штитејќи ги интересите и правата на граѓаните.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен