19 Декември, 2025
0.0398

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР АНЕВСКИ: За да оствариш нешто, мора да се обидеш!

Објавено во: Економија 19 Март, 2016 09:36

Добивај вести на Viber

Директорот на продажба и маркетинг на Евроинс, Александар Аневски, во Њујорк ќе се обиде да го оствари својот сон, трчајќи на најмасовниот и најреномиран маратон во светски рамки. Евроинс веќе извесно време, активно го поддржува и поттикнува маратонското трчање. Македонскиот шампион во полумаратон, Кокан Ајановски во соработка со Евроинс Осигурување, Скопски Маратон и Спортското радио ја реализираше првата школа за трчање во Република Македонија – „Евроинс Школа за трчање“. Ова беше повод да направиме интервју со директорот Аневски. Тој е многу јасен во одговорите, а рецептот на својот успех со задоволство го сподели со нас: „Би препорачал на Вашите читатели повеќе да не се двоумат и да не чекаат. Облечете ги патиките, упатете се на  кеј и зацртајте си ја првата цел. Секојдневните нервози и стомакот ќе стануваат се помали а среќата на приватно и успесите на професионално поле ќе се множат. Буквално!“ Фактор Во светски рамки, последниве неколку години здравиот начин на живот е избор кој е пресуден. Евроинс се приклучи на овој тренд. Која беше причината, но и која е целта поради која се создаде Евроинс школата за трчање? MKDАневски Околу причината и целите за создавањето на Евроинс школата за трчање најдобро може да Ви одговори Кокан Ајановски, промоторот и оснивач на школата. Она што јас можам да кажам е дека главна причина зошто Евроинс веќе две години финансиски ја поддржува школата е нашата увереност  дека на тој начин директно влијаеме што повеќе од нас да го прифатат здравиот начин на живот. Тука се и  поддршката на ФК Работнички, Македонската кошаркарска  репрезентација, Ракометната академија на Металург и Ракометниот камп Кирил Лазаров. Со ова се декларираме и како активен вложувач во рекреативното трчање. Во  изминатите две години бевме спонзор и на ВИЗ ЕР Скопски маратон и официјална осигурителна компанија на овој  настан во Македонија. Фактор На кој начин може да се вклучат во школата за трчање, љубителите на трчање? Аневски Заинтересираните многу едноставно може да се приклучат на школата преку директен контакт со Кокан или со посета на некој од редовните тренинзи на школата во вторник, четврток и недела на кеј. Повеќе информации може да се најдат на www.skolazatrcanje.mk KEj Фактор Покрај можноста да се реализира групен и индивидуален тренинг, школата практикува и едукација за правилна исхрана, но и генерално водење на здрав и активен живот. Каков е интересот за овие совети? Аневски Правилната исхрана е предуслов за успех во спортот и трчањето, било да е рекреативно или професионално. На неколку такви советувања сум  присуствувал лично и можам да потврдам дека интересот е огромен, а советите корисни и добредојдени особено за поновите членови. Маратонот во Њујорк е рангиран меѓу најреномираните во светски рамки. Важи за најмасовен градски маратон. Секоја година бројката на учесници е фантастична. Меѓу илјадниците минатата година, имавме 6 Македонци, а годинава во конкуренција од милион имиња, сигурни патници од Македонија се: Александар Аневски, Блаже Цоневски, Петар Георгиевски- Камиказа, Елисавета Нојковска и Атанас Наумов. Фактор На 6ти ноември годинава, во Њујорк ќе се одржи традиционално најинтересниот маратон. Од стотина илјади апликанти во лотаријата за учество,  Вашето име се најде меѓу  екипата која од Македонија ќе  биде дел од овој маратон. Дали со ова се реализираа вашите очекувања? Аневски Апликацијата за учество во лотаријата за трчање во New York ја поднесов последниот ден, со извесни потешкотии при електронското плаќање. Токму поради овие ситни нервози, длабоко верував дека токму јас ќе бидам извлечен. Адреналинот го достигна  максимумот на денот на лотаријата, кога ја добив и една од најпосакуваните пораки за тркачите „You have been accepted into the 2016 TCS New York City Marathon„. Таква порака, тој ден добија уште 4 Македонци, меѓу кои и моите пријатели од кеј, Елисавета, Блаже и Перо. Најскоро ја добивме информацијата дека ни се приклучи и Атанас. Sosvetskiotrekorder Фактор Каква е вашата прогноза, кои цели си ги поставивте околу вашето учество на маратонот во Њујорк? Аневски Апликацијата на мојот телефон „Asics  планот за трчање„ вели дека мојата цел е 4:39:27, но за мене истрчаното време е од второстепено значење. Лично си поставив цел идентична како и онаа кога минатата година за првпат се обидов (успешно) да истрчам полумаратон во Виена. Да ја поминам целта жив и здрав, неповреден и по можност со кренати раце и насмевка на лицето. Она за што сум исто така свесен е дека овојпат ќе биде најмалку дупло потешко од лани. Фактор Како ќе се подготвите за оваа трка? Аневски Трчањето маратон е сериозен проект и бара сериозни подготовки. Како и да е, коцката е фрлена, назад враќање нема. Официјално со подготовки и посебна програма ќе започнам  на 22 Март.  Оттогаш,  се до ноември ќе бидам редовно присутен на кеј или на стазата наспроти Веро, некогаш сам, некогаш со мојот „running partner“, а постојано под будното око на Кокан. Ќе ги слушам искуствата и советите на поискусните тркачи, ќе читам и истражувам на интернет. Ќе се внимава многу и на исхраната – на мојот Фб профил ќе има се помалку чекирања од скопските кафеани, а се почесто објави за истрчаните километри. Viena Фактор На кои маратони досега сте учествувале и кој маратон го доживувате како животен предизвик? Аневски Минатата година истрчав три полумаратони (21км) во Виена, Будимпешта и Љубљана. Оваа година со мојата екипа ја „штиклиравме„ и Барцелона,  за мај во план е полумаратонот на домашен терен, во Скопје. На вториот дел од прашањето, одговорот е лесен: животен предизвик е TCS New York City Marathon (42 км). Максимално ќе се ангажирам и посветам да го совладам и овој предизвик  во ноември 2016, без притоа да се занемарат ни милиметар секојдневните обврски на фамилијарно и деловно поле. За крај би препорачал на Вашите читатели повеќе да не се двоумат и да не чекаат. Облечете ги патиките, упатете се на  кеј и зацртајте си ја првата цел. Секојдневните нервози и стомакот ќе стануваат се помали а среќата на приватно и успесите на професионално поле ќе се множат. Буквално!

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?