25 Ноември, 2024
0.0288

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР МАНЕВ, КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ: Заврши ерата на евтино задолжително осигурување

Објавено во: Економија, Интервјуа 05 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Пред неколку години Александар Манев го прифати предизвикот да биде на чело на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување во земјава. Благодарение на неговото долгогодишно деловно искуство и знаење, но и на одличната репутација и релации во деловните кругови, Кроација осигурување за краток период ја подобри својата пазарна позиција и имиџ.

Компанијата го зголеми бројот на клиенти, воведе иновации во работењето, ја исплати најголемата осигурителна штета досега исплатена од оваа компанија во нашата земја, изгради репутација на стабилна и компактна компанија во која секој поединец може да се развива и да гради успешна кариера.

Кроација Осигурување се наметна како сигурен и професионален осигурителен партнер на компаниите во Македонија, овозможувајќи им непречен раст и развој во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои значајно го погодуваат нивниот бизнис. За граѓаните понуди сигурност, која значително го подобрува квалитетот на нивниот живот.

Kроација осигурување како лидер на пазарот отвори многу прашања во нашето општество поврзани со осигурувањето, за прениската цена на авто осигурувањето, за скапите здравствени услуги во земјава, за останатите предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија. На тема како да се надминат овие предизвици во иднина, и зошто е важно осигурувањето разговараме со г. Александар Манев, Генерален Директор на Кроација Осигурување, Друштво за неживотно осигурување во земјава.

Фактор: Што е клучот за растот и развојот на Кроација осигурување во земјава?

Манев: Довербата е клучот! Додека персоналниот однос и почитта кон клиентите е она што дополнително прави разлика. Компанијата ја зголеми својата транспарентност и маркетинг активностите, ја покажа својата хумана страна поддржувајќи различни општествено одговорни проекти, ги задржа квалитетните вработени, но и привлече нови и амбициозни млади луѓе.

Се разбира поддршката од Групацијата е клучна алка во целиот овој процес на раст и развој овие години. Ги следиме и трендовите во осигурителниот бизнис, се трудиме да бидеме партнери и консултанти на своите клиенти, активно вклучени во нивниот развој и бизнис, да бидеме многу повеќе од само осигурителна компанија. Тоа направи разлика во овие години!

Фактор: Кои се предизвиците на индустријата?

Maнев: Осигурителната индустрија се соочува со низа предизвици кои веќе значително влијаат на целокупниот иден развој на оваа гранка. Цените на осигурување со години се непроменети и можам да кажам дека нашите граѓани имаат достапност за осигурување по најниски цени во регионот.

Посебно е ниска цената на авто осигурувањето која не е променета 15 години, а од друга страна растат цените на резервните делови и цените на услугите на сервисите. Тоа ја доведува во прашање издржливоста и оправданоста за осигурителните компании да го нудат овој продукт.

Исто така сакам да истакнам дека енормниот пораст на цените на здраствените услуги во услови на замрзнати цени на осигурителни продукти нѐ доведува во уште потешка позиција.

Актуелната економска состојба, инфлацијата дополнително влијаат на индустријата.

Како индустрија тешко може да планираме иден раст и развој, а истовремено да бидеме атрактивни за привлекување на талентирани млади луѓе.

Фактор: Расте бројот на осигуреници, која е основната причина?

Maнев: Професионалноста, транспарентноста, брзината на решавање на штетите и директниот однос со клиентите е основа за зголемената доверба која ја добиваме изминативе години.

Отворени и транспарентни сме во комуникацијата со корисниците, со цел да им помогнеме во процесот на одлука, и да им ги дадеме најдобрите совети. Кроација осигурување има продукти кои се флексибилни, приспособливи и кои одговараат на потребите и на можностите на осигурениците. Ги следиме и трендовите. Кроација осигурување одлучи да воведе нови поволности за граѓаните кои се однесуваат одговорно кон животната средина. Овие поволности доаѓаат во форма на промотивни акции - Еко Дом и Еко Каско- за корисници кои користат обновливи извори на енергија во своите домови или имаат инвестирано во електрични или хибридни возила.

Да си осигуран значи една грижа помалку! Нашите задоволни осигуреници кои ни ја даваат довербата со години се нашата најдобра алка и препорака за зголемување на бројот на нови клиенти.  А тие соработуваат со нас поради брзата услуга, осигурителните покритија и достапноста.

Фактор: Минатата година 2023 е успешна година за Кроација. Успеавте  да ја стабилизирате компанијата. Покажавте дека успешно може да се носите со сите тешкотии и предизвици. Остваривте одлични финансиски резултати, ја исплативте најголема одштета до сега...

Maнев: Го следиме пулсот на бизнис заедницата и на пазарот, како и на индивидуалните осигуреници. Креираме продукти според нивните потреби. За секој поединец или компанија од непроценливо значење е да може да ѝ верува на својата осигурителна компанија, пред сѐ поради искуството и знаењето на луѓето кои таму работат и доверливост која е обезбедена.  Денес осигурителните компании треба да се визионери, да поддржуваат иновативни проекти, зелени одржливи проекти, да придонесуваат кон севкупниот општествено социјален развој во една земја. Тоа е основата на функционирање и на Кроација осигурување. Токму таа наша визија и начин на работа прави разлика, а клиентите тоа го препознаваат. Создадовме еден квалитетен и сплотен тим на врвни професионалци, кои ја сакаат својата професија, и тоа се одрази позитивно на нашето работење. Дел сме од еден регионален систем, што исто така придонесува кон локалната репутација и начин на работа.

Фактор: Неодамна се преселивте во нов деловен објект и ја отворивте новата филијала. Што тоа значи за вас и за потенцијалните корисници?

Maнев: Новиот деловен објект е вистинска слика за брендот Кроација, но тоа што е побитно и за мене најважно е дека вработените, целиот тим на Кроација има услови за работа по светски стандарди. Горд сум на одлуката за нови канцеларии, а тоа веќе се чувствува по ентузијазмот и енергијата која вработените ја имаат во новиот објект.

Новата филијала отворена во Скопје се наоѓа во самиот центар на градот, на ул. Железничка, веднаш до трговскиот центар Diamond Mall. Во неа клиентите ќе можат да се осигураат од повеќе видови на ризици, да го заштитат својот живот, дом, возило и здравје или да земат некој од осигурителните пакети за патување. За нас, таа претставува потврда на добрата работа и сѐ поголемиот интерес за нашите услуги. А пак, за потрошувачите тоа претставува уште едно место каде можат да дознаат повеќе и да ги добијат сите осигурителни услуги.

Фактор: Кои се најголемите трендови во осигурителниот бизнис?

Maнев: Како што поминуваат годините, станува јасно дека дигитализацијата е трендот кој го следат сите поголеми гранки и индустрии, а ништо поинаку не е ниту во осигурителниот бизнис. Модерниот корисник сака да има дигитален пристап до услугите кои му се потребни и ги преферира давателите на услуги кои му го овозможуваат тоа. Па така, модернизацијата на технолошкиот дел од бизнисот не е само инструмент за побрза и полесна работа, туку и економски логична одлука која може да придонесе со поголеми приходи.

Безбедноста и понатаму е приоритет кај корисниците, па се смислуваат нови начини и алатки преку кои се обезбедува побезбеден тек на услугите. Што се однесува до трендовите кои ги засегаат корисничките навики, се забележува раст кај свесноста на корисниците за еколошките и социјално одговорните елементи кај давателот на услуги, па компаниите соодветно се адаптираат на тоа и прифаќаат некои нови норми, принципи и начини на работење. Покрај логистичкото олеснување на пристап до нашите услуги, ние постојано се обидуваме и да го подобриме, надградиме и осовремениме корисничкото искуство, така што ги следиме трендовите и ги имплементираме во Кроација Осигурување на начин кој сметаме дека ќе овозможи најголема корист за нашите корисници.

Фактор: Што би порачале за 2024 година?

Maнев: Посакувам 2024 година да биде спокојна година! Задоволни вработени, клиенти и акционери. Помалку штети, а повеќе осигуреници.

Ви посакувам на сите добро здравје и повеќе време за најблиските, а Кроација осигурување е секогаш тука за вас!


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување