19 Јануари, 2025
0.1167

ПОРАНЕШЕН СУДИЈА ВО УСТАВНИОТ СУД

ИНТЕРВЈУ БАЈРАМ ПОЛОЖАНИ: Поддршката за СЈО треба да продолжи и по изборите

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

„Случајот „Пуч“ е класичен пример преку кој може да се види дека се прават максимални напори да се оневозможи нормалното работење на оваа институцијa.“Според професор Положани прислушувањето и опструкциите во откривањето на сторените кривични дела и загрозувања на слободите само ја потврдија персоналаната и функционална атрофија на најважните институции за правораздавање.“Со Договорот од Пржино  лидерите  на најголемите партии се обврзаа дека ќе му дадат целосна поддршка на СЈО. Ако нивната волја е траен интерес за откривање на најтешките форми на кривични дела и ерозија на општествените вредности, да се обезбеди сигурност на граѓаните во правдата и слободата, тогаш и по изборите треба да продолжи политичката и правна подршка на СЈО.“

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Кој и на каков начин се обидува да ја опструира работа на Специјалното јавно обвинителство?

Положани: Специјалното јавно обвинителство уште од формирањето се соочува со опструкции. На почетокот оваа новоформирана институција имаше проблеми при обезбедувањето на минимум технички услови екипирање, финансии, простории за работа. Блокадите  се интензивираа со отварање на истражните постапки на СЈО преку  т.н акти на помилувања од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Случајот „Пуч“ е класичен пример преку кој може да се види дека се прават  максимални напори да се оневозможни нормалното работење на оваа институција.  Кривичниот суд  преку одбивањето на барањата на СЈО за неколку предмети  се  обидува колку што може да ги заштитат луѓе за кои постојат сериозни сомневања за сторени пртивзаконски дејствија. Во истовреме Јавното обвинителство со разновидни методи на суптилен начин ја попречува работата на тимот на Катица Јанева.

Фактор: Како ја оценувате соработка помеѓу Јавното обвинителство, Специјалното јавно обвинителство и МВР?

Положани: Комуникацијата и размената на информации помеѓу овие институции за откривање и гонење на криминалот и сторителите треба да биде беспрекорна, перманентна и координирана. За жал очигледни се намерите што повеќе да се оцрни, а во истовреме и да се затскирајат одредени докази кои треба да му помогнат на СЈО во расветлувањето на аферата „Прислушување“.

Фактор: Дали опструкциите врз СЈО се од правна или од политичка  природа ?

Положани: Блокадите за работата на СЈО повеќе се политички, отколку правни. Но  има и многу недостатоци и во самата законската поставеност на Специјалното јавно обвинителство бидејќи се донесе само Закон за формирање на оваа институција, а не се извршија измени во другите норми од Законот за судови каде што ќе имаше посебни судски совети, соодвени одредби за пристапот на СЈО до редовното Обвинителство и Кривичниот суд со што ќе се регулираат  односите помеѓу овие  инстутуции  и меѓусебната одговорност во преземањето на  конкретни  судски предмети и дејствија . 

Треба да се се напрват и  измените на  Законот за внатрешни работи. И од тоа нема ништо.  Не е извршена прецизна уреденост на ингеренциите и одговорностите на Специјалното јавно обвинителство . Самата институционална поставеност на СЈО им овозможува на противниците да ја оспоруваат и неговата уставно-правна основа како целосно независен и самосотоен орган без при тоа да се нарушува единственоста на јавнообвинителската функција  како институција што има задача да гони кривични дела,  како и други со закон утврдени казниви дела. Со Договорот од Пржино лидерите  на најголемите партии се обврзаа дека ќе му дадат целосна поддршка на СЈО. Ако нивната волја е траен интерес за откривање на најтешките форми на кривични дела и ерозија на општествените вредности, да се обезбеди сигурност на граѓаните во прадата и слободата, тогаш и по изборите треба да продолжи политичката и правна подршка на СЈО.

Фактор: Зошто Уставниот суд тактизира и подолг период  не се произнесува околу  законитоста на СЈО ?

Положани: Уставниот суд според составот на судиите и начинот на кој функционира последниве неколку години  целосно ја има изгубено автономноста  и легитимитетот .  Овој суд често потпаѓа под разни политичко-партиски  влијанија, а секоја негова одлука е дискутабилна, контраверзна и затоа нема повеќе кредибилитет. Сега  кога Парламентот е распуштен не очекувам Уставниот суд на дневен ред да ја стави иницијативата за оспорување на уставноста на СЈО . Дури и да биде предмет на разгледување законитоста на СЈО, убеден сум дека судиите нема да донесат одлука за  укинување на одредби што може да ја напаврат дисфункционална целокупната постапка на сите досегашни преземени или процесуирани дејствија.

Фактор: Дали Устваниот суд свесно ја поместува точката од Дневен ред за Специјалното јавно обвинителство  во  очекување на исходот од изборите на 11 декември ?

Положани: Претпоставувам дека Уствниот суд  по изборите ќе донесе одлука за  поништување на дел од законски одредби од СЈО. Но по конституирањето на новиот  состав на Паралментот, според Договорот од Пржино ќе биде донесена  одлука за продолжување на мандатот на СЈО.

По изборите е важно да се врати и довербата во постојните институции, пред се Судството, Обвинителството и МВР, што по обелоденувањето на аферата „Прислушување“ целосно ја изгубија . Не може  Ад-хок формираните инстутуции да бидат решение за нормален уставно-правен  заснован судски систем. Идејата е да имаме и независен правосуден систем, ефикасен и ослободен од политички влијанија. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем